Home » Во фокусот » Интервју со Роберт Чобан, сопственикот на најголемата медиумска империја на Балканот

Интервју со Роберт Чобан, сопственикот на најголемата медиумска империја на Балканот

Денешен гостин на Маркетинг365  е Г-дин Роберт Чобан, oсновач и претседател на медиумската куќа Color Press Group од Србија, издавачи на повеќе од 60 медиумски брендови во регионот и Македонија како што се “Свет“, “Лепота и здравје“, “CKM“, “Браво“, “JOY“, “Auto Start“, “Metal Hammer“, “TV Novele“, “Alan Ford“, “PC Magazin“ и др. Повеќе години наназад, одблиску, нашиот гостин се соочува со промените во нашата индустрија, што секако го прави еден од најрелевантните луѓе за разговор кога е во прашање еволуцијата на индустријата на печатените медиуми…

Robert-Coban

Роберт Чобан

M365: Како Вие Г-дин Чобан од денешна дистанца го гледате развојот на читателските навики и самата медиумска индустрија во изминатата декада?

Роберт Чобан: Постојат малку индустрии кои за така кратко време претрпиле толку промени, како кога зборуваме за медиумите. Речиси ништо повеќе не е исто во однос на состојбата од 2005 година – начинот на конзумација на медиумите, буџетите на огласувачите, сопственичката структура на медиумите, куповната моќ на граѓаните…Сите индустрии од 2008 година наваму, претрпеа удар од економската криза, а медиумската индустрија во истиот момент доби и удар предизвикан од технолошките промени.

M365: Принтот секако нема да изумре, како што не изумре ни радиото кога се појавија весниците и телевизијата, но секако мора да се прилагоди на новите потреби на динамичната читателска публика. Што според Вас мора да биде фокус за принт на издавачите во новото време во кое доминира fast-internet конзумација?

Роберт Чобан: Нашата стратегија се брендовите. Ги развиваме нашите магазински брендови на сите платформи – во традиционален принт, онлајн, мобилен, но и низ конференции и разни други настани. Затоа, важно е читателите и огласувачите да имаат доверба во брендот и да им се создаде можност да го конзумираат и следат на различни платформи.

M365: Во 2015 година во Обединетото Кралство, се очекува дека само мобилното огласување ќе го надмине огласувањето во принтот, тоа е проекција која за неколку години веројатно ќе биде и реалност на нашите простори. Дали нашите печатени медиуми се спремни да заработуваат и живеат само од продажба на web и мобилни огласи или сметате дека мораат да се насочат и кон некои други канали?

Роберт Чобан: На малите пазари како што е нашиот, мобилното огласување никогаш нема да биде доволно за опстанок на големите медиумски системи. “Малите јазици“ како српскиот или македонскиот едноставно не оставаат доволно простор за некој значаен “reach”, кој мобилното огласување би го направиле позначајно. Моето мислење е дека онлајн треба да се комбинира со настани – конференции, концерти, фестивали и други настани, кадешто луѓето кои ги интересира определена тема ќе бидат во прилика и да се сретнат во живо, разговараат, да разменат искуства.

Robert Coban food talk

Роберт Чобан на конференцијата Food Talk која овој септември се одржа крај езерото Матка во близина на Скопје

M365:Како гледате на македонскиот медиа – маркетинг пазар споредено со другите пазари каде што работите?

Роберт Чобан: Македонија е мал пазар, но во некои сегменти се покажува подобра и повитална споредена со српскиот пазар. Пред два месеци на езерото Матка покрај Скопје организиравме конференција “Food Talk“ и таму беа присутни речиси сите огласувачи од food-сегментот. Верувам дека Македонија има потреба и простор за многу повеќе различни активности, кога се зборува за медиумите. Треба да се експериментира и да се испробаат нови модели.

M365: Кои се Вашите планови за присуството во Македонија, има ли некоја новост која ни претстои а е врзана за работата на Вашата групација во нашата земја?

Роберт Чобан: Во 2016 планираме да организираме уште неколку интересни конференции а можам да откријам дека во најава се уште некои нови магазини, така што искрено верувам дека читателите и клиентите ќе бидат повеќе од задоволни од нашите наредни активности на македонскиот пазар.

Автор Борис Ефтимовски

Борис е маркетинг и ПР професионалец, основач на Маркетинг365. Во своето работно портфолио, вклучува работни ангажмани за повеќе домашни и интернационални мали, средни и големи компании каде бил вклучен како маркетинг/ПР менаџер или консултант. Доколку Ви е потребна асистенција или консултација за Вашите маркетинг, ПР или продажни активности пишете му на: boris@marketing365.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365