Content маркетинг, персонализација на содржината, online комуникации, мобилен и видео маркетинг – се трендовите кои ја обележаа изминатата година во Србија и регионот, според резултатот на последното истражување кое во соработка со агенцијата MASMI, го спроведе порталот Marketing mreža. Иако е само почеток на година, на прв поглед, барем во нашиот регион, се чини дека во 2016 нема да дојде до поголеми промени, туку пред се, ќе се работи на зајакнување на трендовите кои веќе се во зачеток или се присутни на пазарот.
За клучните трендови во струката за 2016 година ќе се дискутира на вториот регионален форум на комуникациски лидери – IZAZOV 2016, кој ќе биде одржан на 2 и 3 март во хотелот Radisson Blu Old Mill во Белград.
Посебен сегмент на форумот ќе биде посветен на поттикнување на дијалогот помеѓу агенциите и компаниите, преку различни видови на интерактивни работилници. Во текот на форумот, своите студии на случај на агенциите ќе им ги претстават и компаниите: IKEA Србија, LOREAL Adria-Balkan, Војводинска банка, Vip Mobile, Delta Holding, Eurobank, UNIQA осигурување, Societe Generale банка, Infostud, Ушче Shopping Centar, Microsoft Србија и многу други.
Ставовите за движењето, новите трендови и предизвиците на струката ги истакнаа стручњаците за комуникации на компаниите кои работат во Србија.
Željka Ćirić Jakovljević, раководител на корпоративни комуникации во Eurobank, смета дека најголемите предизвици на струката во претстојната година ќе бидат развојот на интегрирани кампањи, со посебен акцент на дигиталните канали на комуникација и развојот на креативни решенија. “Покрај бренд комуникациите насочени на промоција и позиционирање на производите, потребно е да се работи на дигитализација на производите и услугите, со цел да им се олесни секојдневието на клиентите. За да се одржат во таква, променлива средина, сите компании мора да реагираат брзо и да ги следат трендовите.”
Според зборовите на Tatjanа Vidaković од секторот за односи со јавност на компанијата Infostud, тектонските промени кои ги донесе дигиталната револуција, но и оние во сферата на глобалната економија, ја наметнаа неопходноста струката да се менува и да интегрира нови алатки и технологии, низ постојана едукација и на целната јавност и на комуникациските стручњаци за придобивките кои ги носат. Како што вели, оваа ќе биде година на креирање високо персонализирана содржина, тестирање на новите опции на социјалните мрежи, зголемено користење на Big data, но и година во која уште поголем акцент ќе бидат преносните уреди.
Milena Mićanović, шеф на кабинетот на извршниот одбор на Војводинска банка вели дека еден од најголемите предизвици е да се остане препознатлив, оригинален и сигурен за своите клиенти. “Клучното прашање е како да се диктираат трендовите и да се остане доследен, а не нужно да се следат и со тоа и да се зголеми веќе стекнатата доверба“.
Во UNIQA oсигурување сметаат дека најважно е да се биде побрз од протокот на информациите, да се биде актуелен, поинаков и да се поместат границите на вообичаеното размислување, делување и комуницирање. “Бидете храбри, промовирајте ги вистинските и заборавените вредност. Бидете посветени и постојано усовршувајте се. Да се следат трендовите значи дека овозможивте вистинската порака да го пронајде вистинскиот пат до вистинската публика. Со други зборови, тоа значи дека ги разбирате и осеќате навиките на вашите потенцијални клиенти и дека знаете начин посакуваната порака да им ја пренесете така што тие да ја прифатат“, додала Sonja Marić, директор на Секторот за меркетинг и ПР во UNIQA осигурување.
Ivana Todorović, шеф на службата за екстерна комуникација на Societe Generale bankа, оцени дека брзите промени во технологијата ги диктираат трендовите и тоа влијае на целата индустрија, која не само што мора да ги следи, туку и да најде начин и да ги предвиди, но и предводи, прилагодувајќи ги или дури целосно менувајќи ги своите работни модели. “Затоа иновацијата е клучниот предизвик со кој и оваа година ќе се сретнат компаниите, брендовите и комникациските стручњаци. А секоја иновација почнува од внимателно слушање на потребите и уважување на мислењето на клиентите и јавниот интерес. Од друга страна, неопходно е и внатре во компанијата да се создаде култура која ги поддржува новите идеи и е спремна брзо да ги реализира.”
Пријавувањето за учество на форумот на комуникациски лидери – IZAZOV 2016 трае до 12. февруари, а бројот на места е ограничен. Повеќе информации пронајдете на сајтот: www.izazovforum.rs