Улогата на жените претприемачи во Македонија во последните години се повеќе се зајакнува и проширува. Нивното учество во реализација на позитивните промени во бизнис секторот и воспоставувањето на нови стандарди во работењето е од исклучително значење за развојот на економијата.
Во источниот и југоисточниот дел на Македонија постојат низа успешни бизнис приказни кои треба да бидат промовирани на национално ниво, како позитивни примери кои ќе ги охрабрат и останатите жени со претприемачки способности да се вклучат во развојот на своите идеи.
Токму поради овие причини Маркетинг агенцијата „Маркетинг Микс“ за првпат во Македонија организира Избор за најуспешна жена претприемач од источен и југоисточен регион.
Позитивните примери кои нѐ опкружуваат се секогаш најголема инспирација и мотивација за реализација на индивидуалните планови, а оваа иницијативата за организација на овој настан ќе придонесе за промоција на успешни бизниси раководени од жена претприемачи, како и подигањена свесноста за ефикасната улога на жените претприемачи во развојот на бизнис климата во Македонија.
Изборот за најуспешна жена претприемач од источен и југоисточен регион ќе овозможи промоција на жените лидери и нивните бизниси во целата држава, ќе ја помогне можноста за развој на бизнисите преку вмрежување со останатите учесници во бизнис секторот и ќе ја поттикне можноста за развој на идни соработки и реализација на нови проекти. На централната манидестација која ќе се одржи на 23 декември во Штип, ќе бидат одбрани најуспешните жени од неколку категории.
Изборот ќе го направи македонската јавност преку гласање на cоцијалните мрежи и петчлена жири комисија