Стартапите се претставуваат пред публиката на конференцијата Kaktus
Осум полуфиналисти на MarTech Challenge натпреварувањето минатата недела имаа можност да им се претстават на членовите на жири комисијата во ICT HUB, а три тима обезбедија пласман во понатамошниот тек на натпреварувањето за најдобар млад стартап во областа на маркетингот.
Жирито во состав: Јован Стојановиќ, извршен директор на DIRECT MEDIA United Solutions, Дејан Рандиќ, основач на ICT HUB и генерален менаџер на DNA Communications, Зоја Кукиќ, програмски директор на Startup Ecosystem Digital Serbia Initiative, Марко Мудриниќ, ко-основач и директор на Netokracija, Ивана Парчетиќ Митиќ, основач и извршен директор на порталот Маркетинг мрежа, избраа три тима, кои ќе поминат низ програма на менторство од страна на претставници на ICT HUB и DIRECT MEDIA United Solutions, со што ќе добијат можност да го унапредат своето работење, да ја проширират мрежата на контакти во маркетинг индустријата, со цел на најдобар можен начин да се подготват за финалето на натпреварувањето.
Финалната презентација на финалистите на MarTech Challenge ќе биде организирана на петтиот национален фестивал на интегрирани комуникации KAKTUS 2019 во рамките на Денот на иновации на 29 октомври. За време на траење на фестивалот за сите стартапи кои се пријавиле за MarTech Challenge и KAKTUS 2019, ќе бидат обезбедени менторски сесии од различни области на бизнисот, медиумите и маркетинг комуникациите.
Победничкиот тим на MarTech Challenge натпреварувањето освојува награден пат на едена од најатрактивните конференции во областа на маркетинг технологиите MarTech Conference која се одржува пролетта 2020 во Калифорнија.
MarTech Challenge е регионално натпреварување отворено за сите технолошки стартапи основани во последните две години, а кои се занимаваат со примена на нови технологии во маркетинг и комуникациите во областите како што се огласување, податоци, вештачка интелигенција, машинско учење, медиуми, социјални мрежи, итн. На натпреварувањетро можат да се пријават и тимови кои не основале стартапи, а имаат или развиваат идеи или решанија во областа на маркетингот.
Проектот MarTech Challenge е лансиран од страна на DIRECT MEDIA United Solutions со цел поврзување на маркетинг индустријата и иновативните претприемачи и зајакнување на стартап сцената во регионот, а заедно со партнерите ICT HUB, Натокрација и Маркетинг мрежа.