Home » Extra 5 » Избрано ново раководство на Здружението за саморегулација на деловните комуникации во Хрватска

Избрано ново раководство на Здружението за саморегулација на деловните комуникации во Хрватска

 

(РЕГИОН) – Здужението за саморегулација на деловните комуникации на Хрватска (SRO) избра свое новo собрание на основачката седница одржана на почетокот на овај месец. На функцијата претседател на Собранието со четиригодишен мандат избран е Drenislav Žekić, некогашен новинар на Хрватската телевизија, и долгогодишен стручњак во односите со јавноста. За претседател на Здружението избран е Hrvoje Maljak, додека за претседател на седумчлениот Етички совет, избран е меркетинг стручњакот и овластен судски вештак,  Kamilo Antolović.

Hrvoje Maljak 1[2]

Hrvoje Maljak

Новоизбраниот претседател на Здружението Hrvoje Maljak, по овај повод истакна:” Здружението за саморегулација на пазарните комуникации ги донесе своите основни акти, избра раководство и членови на телата на заружението, како предуслови за идната работа. Во наредниот период ќе работиме на унапредување на дијалогот со сите поединци и организации кои можат да придонесат за афирмација на пазарните комуникации, создавање на услови за ефикасно решавање на прашањата и проблемите кои во последно време се наметнаа на хрватскиот пазар.”

Од останатите именувања, за потпретседатели на здружението, избрани се Damir Ciglar и Igor Kern. Покрај Kamilо Antolović, членови на Етичкиот совет станаа и Đema Bartulović, Tina Puhalo Grladinović, Marinko Jurčević, Elvira Mlivić Budeš, Krešimir Brlić и Nensi Blažević. За претседател на Комисијата за членство во здружението, избрана е Jasna Mikačić.

Здружението за саморегулација на деловните комуникации е  втемелено  со цел залагање за унапредување на квалитетот , угледот, веродостојноста и улогата на деловните комуникации во општеството. Здружението има за цел да влијае и да им предлага на доносителите на законските прописи на сите нивоа решенија, кои стручната и научната јавност ги цени за важни за заштита и унапредување не етичноста на односите. Членството во здружението е поставено на доброволна основа, со цел дополнително да се поттикне интеракција и дијалог со другите учесници во пазарните односи, договарања околу утврдување на заедничките правила на дејствување и однесување, со што на сите учесници би им се овозможила еднаква можност за транспарентни односи.

Една од клучните задачи на Здружението и нејзините членови во овај контекст ќе биде постојано едуцирање на сите учесници во пазарните односи и комуникации, создавање услови за зголемување на пазарната писменост на купувачите, корисниците и потрошувачите и отворање соработка со сите учесници на пазарниот натпревар.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365