Home » Extra 5 » Изложба на заборавени книги во Валандово

Изложба на заборавени книги во Валандово

Во Домот на културата во Валандово е поставена несекојдневна интересна изложба на одамна недопрени или заборавени книги, кои со децении ниту еднаш не биле позајмени од читателите на градската библиотека.

По избор на библиотекарите, изложени се дваесетина книги од разни жанрови меѓу кои и оригиналното издание на епот Одисеја кој, откако библиотеката го добила во 2008 година, ниту еднаш не стигнал во рацете на валандовските читатели.

Една од причините поради која можеби овие книги со децении останале недопрени е желбата на валандовчани да читаат полесна литература, односно бестселери и трилери кои се најпопуларни меѓу читателите, велат библиотекарите.

Изложените книги и натаму ќе стојат на библиотечните рафтови и ќе може да се позајмуваат доколку некој покаже интерес за нив.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365