Објавен е извештајот „AI Advertising Trends 2026: A Comprehensive Analysis“, подготвен од Роб Хил и членовите на Центарот за вештачка интелигенција при Европската асоцијација на комуникациски агенции (EACA).
Нудејќи преглед на клучните трендови во огласувањето со примена на вештачка интелигенција, со посебен акцент токму на нејзината улога, публикацијата се надоврзува на предвидувањата презентирани за време на Advertising Week и вклучува дополнителни увиди од европски експерти.
Извештајот истакнува дека вештачката интелигенција сè повеќе влијае врз планирањето и спроведувањето на маркетинг кампањите, особено преку автоматизацијата на медиумскиот закуп и оптимизацијата на огласите во реално време. Ваквите системи овозможуваат побрзо донесување одлуки и поефикасно управување со буџетите. Истовремено, сè поголем акцент се става на квалитетот на креативните решенија, кои стануваат клучен фактор за успешноста на кампањите и повратот на инвестициите.
Во фокусот се и прашањата за заштита на приватноста на корисниците, поради што расте значењето на користењето синтетички податоци како побезбедна алтернатива на реалните кориснички податоци. Извештајот, исто така, го обработува развојот на retail медиумите, каде што вештачката интелигенција овозможува појасно поврзување на огласувањето со конкретните продажни резултати и подобро мерење на ефикасноста на кампањите.
Извештајот нуди увид во насоката на развој на индустријата и им помага на експертите подобро да ги разберат промените што ги носи сè пошироката примена на вештачката интелигенција во маркетингот и огласувањето, а целиот извештај можете да го симнете на следниот ЛИНК.

















