Home » Во фокусот » Јован Стојановиќ избран за нов претседател на IAA Србија

Јован Стојановиќ избран за нов претседател на IAA Србија

(РЕГИОН) – На редовното изборно собрание на српскиот огранок на IAA (Интернационална адвертајзинг асоцијација) која се одржа вчера во Белград, за нов претседател на асоцијацијата е избран Г-дин Јован Стојановиќ, прв човек на агенцијата Direct Media.

Стојановиќ доаѓа на местото на Милош Симиќ, кој функцијата Претседател ја извршуваше во изминативе четири години.
За потпретседатели се избрани Катерина Шибалиќ од компанијата Strauss Adriatic (од редот на огласувачите) и Сања Пешиќ CEO на Alma Quattro (од редот на медиумите).

Останати членови во Управниот одбор се и Маријана Агиќ Молнар (GfK Beograd), Небојша Бабиќ(Orange Studio), Вана Хенриксен (United Group – SBB), Слободан Сречковиќ (Imlek), Милица Стефановиќ(Coca-Cola), Ванда Кучера (I&F McCann Grupa), Милош Симиќ(Gaming 1), Анџелко Трпковиќ (Publicis One), Иван Савиќ (Philip Morris Services) и Жарко Сакан (New Moment New Ideas Company).

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365