Home » Во фокусот » Како би изгледал светот без апликации според Apple

Како би изгледал светот без апликации според Apple

Брендот на духовит начин се осврнува на нашата зависност од секојдневните апликации

Се сеќавате ли на животот пред апликациите? Секако, можеше да се живее и така. Но, тоа беше и време кога имавме хартиени мапи, ги знаевме броевите на телефоните напамет, и го препознававме потенцијалот  за забава кај соседите.

Но, што би се случило кога сите апликации во нашиот денешен свет едноставно исчезнат?

Тоа  е токму она што Apple го замисли во спотот „Appocalypse“, видеото кое ја отвори годинешната World Wide Developers конференција  (WWDC).

Во спотот, новиот вработен добива работна маса во центарот за податоци на оваа компанија. Барајќи наоколку приклучок за својата малечка фонтана (која не е баш добро да се чува во сервер собата),  тој несвесно ги исклучува серверите, што резултира со исчезнување на апликациите на iPhone уредите ширум светот, покренувајќи инстант глобална криза.

Во финишот, „Appocalypse“ја покажува својата цел – да ја поттикне фантазијата на програмерите на апликации, повикувајќи ги  „да продолжат да прават апликации“ бидејќи  „Светот зависи од нив“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365