Home » Во фокусот » Како да комуницираме со технолошки најнапредната генерација до сега?

Како да комуницираме со технолошки најнапредната генерација до сега?

Автор: Д-р. Љупка Наумовска, доцент на Универзитет за туризам и менаџмент, Скопје и основач на Honeybiz

Следната генерациска супер сила носи име со една буква од алфабетата: Зет. Највозрасните претставници од оваа генерација сега се студенти и насокоро ќе станат економски моќни и ќе управуваат со сопствени финансиски средства. Според индикаторите за нивното потрошувачко и социјално однесување, маркетинг индустријата исто како и образованието глобално, не се подготвени за нивните, досега најрадикално уникатни социо-психолошки карактеристики и патерни на однесување. Добрата вест е дека оваа, како и секоја друга генерација има свои типични однесувања, матрици и субкултура која ги дефинира и категоризира со цел изнаоѓање на соодветни комуникациски методи и канали во маркетингот кон нив. Ова се препораките базирани на досегешните сознанија кои ќе ни помогнат во градењето на комуникациски тактики и стратегии со оваа генерација:

  1. Првата важна работа е да престанеме да ја делиме маркетинг дисциплината на дигитална и традиционална, бидејќи оваа поделба го лимитира концептуално начинот на размислување и организирање на комуникацискит проекти и идеи. Она што треба да даде структура на новата комуникациска индустрија е холистичкиот пристап, кој насочува кон интеграција на он лајн и оф лајн алатки, медиумите и каналите, а се со цел да се пристапи мултиканално и одржливо кон најмладата публика која има изострен истражувачки сензибилитет.
  1. Генерација Зет е родена во време на глобализација, технолошка револуција, мобилни уреди и економски непредвидливи динамики. Па оттука, лојалноста, колективното размислување и сензитивноста кон цврсти структури и авторитети им се на многу ниско ниво. Ги краси отворениот ум, инклузивното размислување и немањето предрасуди кон различности по ни еден основ.
  1. Лојалти програмите, купоните и ценовните игри не се алатки кои добро ќе бидат прифатени од нив. Високите естетски вредности и цврстите субкултурни карактеристики ги прават склони кон гејмифицираност во сите аспекти од животот, па оттука, игрите и игривоста во процесите на маркетинг комуникација па и едукација се силен поттикнувач кон акција и будење на интереси за нив.
  1. Единствениот начин да се добие лојалноста од припадник на Генерацијата Зет е да се оствари поврзување со вредностите на брендот преку лично идентификување. Имено, тие како и секоја друга генерација се идентификуваат себеси, индивидуално и групно, преку модата, музиката, храната до степен што брендот станува дел од нивното ,,јас,,. Поврзано со ова, добро е да се предвиди во медиа планирањето инфлуенсер, преку чие раскажување тие повеќе од било кога ќе се врзат за брендот.
  1. Склоноста кон социјални мрежи кои имаат динамични, анимирани [во живо] визуали ги дефинира доминатните медиуми за првично таргетирање, но и аналогните форми на комуникација, кои нудат искуства, интеракција и натпревар се канал за воспоставување на вредни и трајни релации со нив.
  1. Be a goody – правилото важи за брендовите сега повеќе од било кога. Оваа генерација има исклучителни истражувачки склоности и капацитети, па брендовите покрај својата комерцијална намера треба да имаат и општествено добра кауза преку која потенцијално ќе се поврзат со идентитетот на припадникот на Ген Зет. Па така, тој или таа преку конзумација на брендот, ќе го носи чувството на придонес кон градење на добро општество.
  1. Ревјуата значат повеќе од стандардите, звездите и беџовите на брендовите кога зборување на Ген З како купувачи. Оваа генерација ќе ги прегледа ревјуата и на тој основ ќе донесе одлука не зависно од претходната поставеност и категоризираност на брендот. Исто така, неуморно пишува ревјуа и коментари по искуството со брендот.

  1. Нивниот начин на размислување е склон кон фантазии и виртуелни ликови, па оттука, визуелниот сторителинг со динамичен ритам треба да е доминантен контент во комуникацијата.
  1. Дигиталниот детокс, односно аналогните форми на комуникација како натпревар, спорт, искуства во природа се силна форма на комуникација и развој на интереси за припадниците на оваа генерација која не е контрадикторна туку комплеметнарна на дигиталните форми. Со нивна оптимална комбаниција се креира интегриран холистички концепт кој ни нуди формула за успешен, забавен и корисен начин на комуниицирање со досега најнапредната генерација во човековата еволуција.

  1. Fun. Fun. Fun. Централен елемент во креирањето на содржини со Генерација Зет е забавата, игривоста и инстантната гратификација. Во тој процес, бенефитот не само од успешната комуникација туку и од забавата ќе го имаат и двете страни.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365