Холандскиот пивски бренд Bavaria се гордее со својата долга традиција и незаменлив вкус од 1719 година – и тоа буквално!
Во својата нова кампања наменета за грузискиот пазар, каде пивото се произведува од 2016 години, брендот истакнува дека нивниот вкус останал ист веќе три столетија, а како резултат на тоа опстоила и фразата: „Како и секогаш“ – кога некој го нарачува пивото во бар.
Од времето кога Бетовен ги компонирал своите бесмртни симфонии, преку периодот кога мустаќите биле поважни од фудбалот и човештвото се воодушевувало на магија, до слетувањето на Месечината и понатаму – пивската традиција на Bavaria останува да живее до ден денес: „Келнер, дај како и секогаш!“
Кампањата е создадена со помош на креативната агенција Leavingstone.