Home » Во фокусот » Како вештачката интелигенција може да ни ги промени животите

Како вештачката интелигенција може да ни ги промени животите

 

Вештачката интелигенција сè повеќе станува дел од нашите секојдневни активности. Ова се неколку предвидувања како таа ќе влијае на бизнисот и компаниите до крајот на 2018 година.

1.Ќе создаде подобрено корисничко искуство по мерка

Бројот на компании кои ја користат вештачката интелигенција за да анализираат податоци, трендови и историја на пребарување поради создавање на корисничко искуство, значително ќе се зголеми. Повеќе нема да ги бараат нашите имиња, е-маил адреси и контакт информации, бидејќи овие податоци ќе им бидат достапни благодарение на вештачката интелигенција.

2.  Поинаку ќе ги користиме друштвените мрежи

Вештачката интелигенција ќе има големо влијание на друштвените мрежи. Можеме да очекуваме пораст на персонализирани содржини испорачани индивидуално во реално време за да се зголеми продажбата.

3. Полесно ќе спречуваме измами

Вештачката интелигенција може да најде примена во борбата против софистицираните шеми за измами, комбинирајќи автоматизација, машинско учење, препознавање на говор и лице…

4.Ќе предвидува однесувањето на купувачите и клиентите

Вакви примери се веќе присутни, но оваа и наредната година ќе бидат во значителен пораст. Компаниите ќе ја користат за да ја откријат дали имате намера да купите производ, дали барате поддршка, дали сакате да го промените добавувачот и пред навистина да им се обратите. Фокусот ќе биде на интензивно машинско учење.

5. Корисничка поддршка 24 часа дневно, седум дена во неделата

Четботовите не мора да јадат и да спијат, така што тие можат да бидат достапни за купувачите и клиентите 24 часа на ден, седум дена во неделата. Ќе бидат повеќе интерактивни и сите ќе не познаваат подобро, а за возврат од нас ќе добиваат нови корисни податоци.

6.Ќе се променат новинарските и маркетинг истражувањата

Во двете наведени подрачја, вештачката интелигенција ќе донесе драматични промени. Поради автоматизацијата, машинското учење и другите поврзани трендови, бројни професии ќе исчезнат и нивното значење ќе биде драматично намалено.

7.Напредок на полето на интернетот на нештата

Технологијата на интернетот на нештата ќе биде уште повеќе интегрирана со blockchain поради безбедносни причини, па ќе дојде до експлозија на иновации и поголем степен на прифаќање од корисниците, што ќе резултира со повеќе паметни производи во домаќинствата.

8.Подобар увид во податоците

Благодарение на вештачката интелигенција, компаниите нема да мораат да вработуваат аналитичари, туку ќе имаат увид базиран на потрошувачките податоци за дел од цената која би ја платиле за вработена личност.

9.Ќе се зголеми онлајн продажбата

Купувањето онлајн ќе стане попристапно и полесно за користење. Ќе говориме со дигитални помошници што треба да купат и каде да ги достават купените предмети.

10.Полесно ќе наоѓаме кандидати за работа

Часовите кои би ги трошеле на пребарување и проверка на нови вработени, во голема мерка ќе можеме да му ги довериме на софтвер кој тоа ќе го прави за неколку секунди. Сепак, луѓето ќе бидат и понатау потребни за интервју во живо.

11. Ќе се подобрат резултатите од анализата

Вештачката интелигенција ќе помогне за подобра организација, категоризација и препознавање на обрасците во големи количини на податоци, што ќе ни помогне во донесувањето на подобри заклучоци.

12. Ќе се подобри онлајн сигурноста

Длабинското машинско учење и други технологии на вештачката интелигенција ќе најдат се` поинтензивна примена на подрачјето на компјутерската безбедност. Машините ќе можат побрзо да ги детектираат и да реагираат на безбедносните закани.

13. Ќе помогне во вршењето финансиски трансакции

Алгоритмите за машинското учење веќе го олеснуваат прогнозирањето на идните одлуки за тргување, но ова е само почеток. Со препознавање на шаблоните, тие можат да креираат стратегии и да се адаптираат многу побрзо од луѓето.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365