Home » Во фокусот » Каква иднина не очекува? Дознајте во Ровињ од 22 до 25 септември

Каква иднина не очекува? Дознајте во Ровињ од 22 до 25 септември

Две недели пред почетокот, познат е најголемиот дел од програмата на 9  Weekend Media Festival кој ќе се одржи од 22 до 25 септември во просториите на старата фабрика за тутун во Ровињ, под покровителство на Adris grupа. Најголемиот регионален собир на комуникациската индустрија доведува исклучително интересни предавачи од странство, ги претставува новите трендови и ги покренува најважните општествени прашања.

Нашите први девет години неверојатно брзо поминаа, а ние уште се чувствуваме како првиот ден. Истиот ентузијазам, истата желба да се дружиме, да разменуваме знаење, да се запознаваме, па и да започнеме нови проекти од Ровињ. Weekend Media Festival настана од идејата за поврзување на луѓето од комуникациската индустрија во атмосфера на добра забава. Овај фестивал е комбинација на бизнис конференција и голем забавен парк, оваа година уште повеќе од претходните“, порачува директорот на фестивалот Tomo Ricov.

Weekend_Foto3

Колку овај настан е значаен за индустријата, но и за самиот Ровињ, во име на главниот спонзор на Weekend Media Festival, Adris grupа, раководителот на корпоративни комуникации Predrag Grubić истакна: Weekend Media Festival е финале на една успешна туристичка сезона. Во текот на траењето на Weekend се разменуваат различни искуства од комуникациската индустрија, но и пошироко.  Таму се стекнуваат и разменуваат знаења и деловни искуства и се склучуваат бизниси. Weekend Media Festival е постојан пријател на инвестициските напори на Adris да го подигнеме квалитетот на понудата во Ровињ. Ова е секако пример на добра практика од класичната економија посилно да зачекориме во креативната економија.”

Во програмата на 9 Weekend посебно се истакнува предавањето на американскиот футурист Gary Whitehill кој  соработува со бизнис лидерите, владите и организациите во повеќе од 60 земји на светот. Иако живееме во немирни времиња, Whitehill во Ровињ ќе ја претстави својата оптимистичка визија на 21 век, водена од иновациите, обединетата култура и вдахновена правда. Наспроти сите опасности, тој верува дека моќта на човековата генијалност ќе ги надмине сите стравови и ќе го промени нашиот свет на подобро за сите.

“Во програмата на Weekend секогаш доминирале теми за новите трендови и технолошките промени, но оваа година тоа уште дополнително го зголемивме. Трендовите се забрзуваат, промените во многу сегменти на работењето и животот веќе настапиле, па е време да за зборува и за последиците. Посветивме неколку панели токму на иднината која веќе се одвива пред нашите очи, но сакаме да слушнеме и како помладите од нас гледаат на она што ќе следи”, истакна директорот на програмата Nikola Vrdoljak.

Така, на панелот наречен “Иднината е сега” главната тема е поефикано и попаметно живеење и работење. Кои се клучните трендови и колку технологијата ќе ги промени нашите животи? Како изгледа попаметното работење? На овие и слични прашања ќе се обидат да одговорат Krešimir Madunović од Iskon Internet, Sonja Popović од SAP, Vladimir Sabo од HEP и Anđelka Strajher од Megatrenda.

За иднината сепак најдобро можат да зборуваат оние на кои им припаѓа, а тоа се денешните тинејџери. Токму Lara, Nika, и Jan – на панелот со маркетинг стручњакот  Branimir Brkljač ќе зборуваат  за тоа како тие го користат интернетот и што очекуваат од него. Ќе ги слушнеме и искуствата на Milan Inić, еден од најуспешните Youtuber од овие простори, чиј канал Yasserstain има речиси 400 илијади претплатници и преку 100 милиони прегледи.

Клучна улога во формирањето на иднината има образованието, а сите се согласуваат дека системот на образование не одговара на потребите на општеството во 21 век. Реформата на образованието во Хрватска стана една од клучните теми на јавна расправа, а така ќе биде и во Ровињ, каде што за таа тема поренешниот раководител на наставните реформи  Boris Jokić ќе расправа заедно со Predrag Grubić од Adris grupа, Korad Korlević од Звездарницата Višnjan и Josip Tic од Економскиот факултет во Загреб.

Иднината веќе неповратно ја промени музичката индустрија, каде што завладеа “Дигитален хаос“, како што гласи насловот на панелот посветен на музиката како производ кој некогаш бил тешко достапен, а денес до неа се доаѓа одма. Дали тие промени се позитивни или негативни и како на тоа гледаат самите произведувачи на музика, ќе се обидат да одговорат музичарите Robert Pešut Magnifico и Ida Prester, како и Жарко Димитриоски од македонската маркетинг агенција Еден на Еден.

zarko eden na eden

Жарко Димитриоски, учесник на панелот “Дигитален хаос“

Покрај предавањата, панелите и презентациите, Weekend и оваа година донесува многу работилници кои паралелно ќе се одржат во пет сали. Учесниците на работилниците ќе можат на нив да стекнат бројни нови знаења, од тоа како да ја презентираат својата идеја, преку email маркетинг и Google Analytics, се до мобилно огласување и  copywriting.

Во организација на HURA, на Weekend сите маркетинг професионалци ги очекува петтиот по ред BalCannes на кој огласувачите оваа година ги избираат најдобрите проекти и агенции од регионот. Пријавите се во тек, а заинтересираните агенции кои сакаат да се претстават можат да ги предадат своите проекти до 9 септември. Најдобрите 25 ќе бидат претставени на главната сцена на Weekend во петок 23 септември. Четврта година по ред SoMo Borac на Weekend ги претставува најдобрите дигитални кампањи во неколку категории. Оваа година се примени рекорден број на пријави, иако самото пријавување трае до 9 септември точно напладне.

А после озбилните теми и бурните расправи, време е з добра забава која Weekend ја гарантира секоја година. Богатата програма ја започнува Hladno pivo powered by Laško, со настап во четврток 22 септември во Пеперминт клуб, а посетителите кои веќе првиот ден ќе дојдат во Ровињ до рано утро ќе ги забавува DJ Filip Jelaš. Во петок 23 септември  Lampshade Media ги претставува Who See, а после нив следи Tomo In Der Muhlen во салата Врт, додека викендашите во Пеперминт клубот ќе ги забавува Peppe & Sergej Trifunović. Музичката програма во сабота 24 септември завршува со голема забава со  Jagermeister и Ljetnog kina под назив “Jägermeister presents Somewhere Over the Region”.

Пријавите за 9 Weekend Media Festival сеуште се примаат, а како што интересот е голем, и оваа година во Ровињ се очекуваат околу 4000 учесници. Се гледаме во Ровињ!

Автор Marketing365

Маркетинг365 (М365) е прв македонски портал кој во фокусот ја има маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија. Формиран е во 2011 година и во своето досегашно постоење има добиено неколку домашни и меѓународни признанија вклучувајќи ги и “Блог на годината“ (прво место, 2011 и 2015 год.), “Највлијателен балкански блог кој доаѓа од Македонија“ (прво место 2012) и “Најдобар бизнис-информативен веб сајт“ (второ место, 2014). Почнувајќи од февруари 2015 година, Маркетинг365 е официјален претставник во Македонија на најпознатиот светски креативен фестивал Cannes Lions. Тимот на М365 го сочинуваат активни професионалци од маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија. e-mail : contact@marketing365.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365