Овој бренд, кој се занимава со “направи сам” мајстори, лансираше специјална кампања и производствена линија, но не се лажете доколку помислите дека можете лесно да ги склопите како производите на ИКЕА
Германскиот ланец на производи Hornbach е познат по своите одлични реклами за луѓето кои се занимаваат со проекти за уредување на домот. Сепак, нивната најнова кампања не се фокусира на рекламирањето, туку на вистинскиот предизвик.
Во соработка со агенцијата Heimat, овој бренд се здружи со дизајнерот и архитект Сигурд Ларсен, за да лансира парче на висококвалитетен мебел, Werkstuck Lounge Chair столица, која може да се состави само со артикли купени во Hornbach. Столицата ќе биде прва во серијата на самостојни предмети наречени Werkstuck Editions, а сите ќе бидат создадени во соработка со реномирани дизајнери.
Но, не се залажувајте, ова не е мебел кој се склопува во стилот на Икеа со само еден имбус клуч. Секој дел од столицата мора да се купи одделно, а купувачот потоа го прави според упатствата и со користење на алати од Hornbach. Секое парче од мебелот ќе може да се состави со користење на упатство кое содржи внимателно илустрирани детални инструкции за изработка на производот, вклучувајќи листи на материјали и алати. За Lounge Chair, трошоците се околу 130 евра за потребните делови, кои се купени во Hornbach и 18 евра за архитектонските насоки.
Дизајнерот на оваа столица, Сигурд Ларсен, го опиша Lounge Chair како столица „која ги исполнува сите стандарди за добар дизајн, но е достапна за сите. Ги предизвикуваме луѓето да се активираат и да ја направат со свои раце. Луѓето поинаку ќе гледаат на едно убаво парче мебел, ако го направат самите. Ова е доказ за тоа што може да се постигне со мал добар дизајн и со свои раце. Ја сакам оваа идеја.”