Се чини дека омразата стана најнормална работа, нешто сосема вообичаено. Тоа е и причината за лансирањето на кампањата против говорот на омраза, која што магазинот Бука од Бања Лука ја реализираше во изминатите месеци.
– Во видеото во кое поздравот „Еј, Словени“ се преименува во „Хејт, Словени“, глумат Северина, Христина Поповиќ и Горан Богдан и тоа покажува колку “отрпнавме“ и станавме рамнодушни на говорот на омраза, иако знаеме колку е опасен и какви застрашувачки последици може да има, вели главниот и одговоден уредник на магазинот Бука, Александар Трифуновиќ.
„Сведоци сме на зачестен говор на омраза, кој постепено го освојува онлајн и офлајн просторот и се заканува да стане општо прифатен начин на комуникација во нашето општество. Опасностите од навикнување на овој вид говор се повеќекратни“, предупредуваат од магазинот Бука и додаваат дека кампањата има за цел да ја афирмира културата на дијалог, емпатија и разбирање помеѓу луѓето.