Home » Во фокусот » Кампања за подигнување на свеста за глобалните вложувања во вооружувањето

Кампања за подигнување на свеста за глобалните вложувања во вооружувањето

Оваа хуманитарна организација започа мисија за намалување на страдањата во светот со една навистина интересна анимација

Хуманитарната организација War Child USA, оваа недела ја претстави својата прва кампања во Соединетите Американски Држави. Кампањата под назив „249 долари“ ја подигнува свеста за глобалните вложувања во вооружување, кои изнесуваат приближно 249 долари по лице годишно, за секој маж, жена и дете на земјата (ова е апроксимативна вредност врз основа на достапните податоци за глобалните буџети за одбрана и проценката на светската популација).

Кампањата ги поттикнува луѓето да ги компензираат овие вложувања во вооружување со вложувања во мир, заедно со организацијата War Child USA. Кампањата “‘249 долари“ е лансирана со анимирано видео, во кое нарацијата е на ѕвездата од серијата Stranger Things, Калеб МекЛафлин, а музичката подлога е на групата Radiohead, “No Surprises“.

Интересната анимација ги претвара доларите во оружје за војување, како што се пушки и куршуми, а потоа во деца кои играат и учат во училници, покажувајќи на тој начин како 249 долари може да го променат животот.

Концептот за кампањата „249 долари“ потекнува од TED Talk предавањето на основачот на War Child USA, Др.Саманта Нат, за смртоносното влијание на лесното вооружување.

Автор

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365