На 25 јубилејен фестивал Golden Drum во Порторож, кампањата #CheckIt, е наградена со бронзена награда (во категоријата специјални награди) и сребрена награда (во категоријата Activation).
Кампањата е реализирана во соработка на агенциите Publicis, Olaf & McAteer, Starcom и TAQOO, за клиентот Авон Србија.
Лансирана по повод Националниот ден на борба против ракот на дојка, 20 март во траење од 11 денови на територијата на градот Белград, кампањата е пласирана преку мрежата на TAQOO, водечкиот национален хот спот провајдер.Со помош на неколку едноставни чекори, луѓето можеле бесплатно да се чекираат на WiFi мрежата на повеќе од 100 атрактивни локации во Белград. Следејќи ги овие чекори, всушност ги научиле трите основни движења за самопреглед на дојките.
Поради интерактивната порака и можностите за одговор на понудените прашања, кампањата послужи и како истражувања, во кое учествувале повеќе од 10.000 испитаници. Таргетирани се двата пола, со цел подигнување на свеста за важноста на самопрегледите. Заклучокот е дека повеќе од 48% од жените вршат самопреглед, додека над 64% од мажите споделуваат информации за важноста на самопрегледот со своите најблиски.