Home » Во фокусот » Кампања со вуду кукли во пресрет на вечерашното фудбалско дерби

Кампања со вуду кукли во пресрет на вечерашното фудбалско дерби

BETC и Canal + “тврдат” дека страста на навивачите може да биде одговорна за необјаснивите киксови на натпреварите и затоа им нудат на навивачите можност да ја “урочат” противничката екипа

И оваа година, натпреварот помеѓу Олимпик Марсеј и Париз Сен Жермен или популарното француско „Ел класико“, ќе се емитува во живо исклучиво на Canal + во недела, 25 февруари, во 21 часот. Поради тоа, Canal + ја ангажираше својата  агенција BETC да го промовира овај долгоочекуван натпревар.

BETC и Canal + нудат неочекувано објаснување за сите оние необјасниви пропуштени потези и киксови за време на фудбалски натпревари: Што ако за сите нив е виновна страста на навивачите?

Овај оригинален, невообичаен спот прикажува два навивачи на ПСЖ и Марсеј како пред своите телевизиски екрани се обидуваат да влијаат на играта со прикачување на игли во вуду кукли облечени во противничкиот дрес.

Агенцијата, исто така, лансираше и специјална веб-страница за кампањата, каде што навивачите можат да се приклучат на целата работа и да ја искористат виртуелната кукла на противничкиот тим за да го “урочат” противничкиот тим.  Така, дури и пред вистинскиот натпревар, се одвива жестоко натпреварување  онлајн. Доколку и Вие сакате да се придружите, посетете ја страната https://www.cavapiquer.com

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365