Канадскиот бизнисмен Стивен Смит постигна договор за купување на 26,9% од акциите на The Economist Group, со што станува значаен акционер во издавачот на едно од највлијателните светски списанија. Станува збор за прва поголема промена во сопственичката структура на компанијата во последната деценија.
Акциите ќе бидат откупени од лејди Лин Форестер де Ротшилд, нејзиното семејство и нивната фондација, преку семејната компанија на Смит – Smith Financial. Финансиските детали од зделката засега не се јавно објавени.
Од Smith Financial посочуваат дека инвестицијата претставува израз на силна поддршка за уредувачката независност на The Economist, која со децении е еден од клучните столбови на неговиот углед и кредибилитет.
Списанието The Economist, основано во 1843 година, го потврди договорот, кој допрва треба да биде одобрен од надлежните тела на компанијата. Се очекува дека оваа промена нема да влијае врз уредувачката политика и стратегијата на изданието.

















