Home » Во фокусот » Кинеските корисници на интернет веќе нема да можат да објавуваат анонимно

Кинеските корисници на интернет веќе нема да можат да објавуваат анонимно

Почнувајќи од 1 октомври, корисниците на интернет од Кина ќе мора да го потврдат својот идентитет, дури и кога коментираат на објави, со цел да се спречат анонимните коментари.

Најновото правило е последно од низата промени воведени од владата, со цел да ја зајакне контролата над користењето на интернет во земјата.

Според Администрацијата за сајберпростор на Кина, веб страниците како социјални мрежи и форуми за дискусија ќе мора да го потврдуваат идентитетот на регистрираните корисници пред да им биде дозволено да објавуваат било што на своите платформи.

Коментарите на вестите исто така ќе се разгледуваат од веб страницата, пред да се појават онлајн, пишуваат кинеските медиуми.

Некои сајтови, веќе почнаа од корисниците да бараат потврда за идентитетот, како што е телефонскиот број, кој инаку во Кина е поврзан со нивните лични карти. Оние кои одбиваат да се регистрираат нема да можат да коментираат.

Од Администрацијата велат дека новото правило се воведува за да се изборат со лажните вести, бидејќи коментарите допринеле за ширење на невистини и гласини, непристоен говор и нелегални информации“.

Сите коментари на оваа одлука, кои можат да се најдат на мрежата Weibo – кинеска верзија на Твитер, го пофалија овај потег на властите. Одлуката за задолжителната регистрација е една од неколку донесените во последните месеци во обид да се ограничи слободата на говорот на интернет.

На почетокот на јули, Кина забрани стриминг во живо, како и пристап до виртуелни приватни мрежи (VPNs).

Многу луѓе од Кина зависеа од VPN провајдери за да пристапат до популарните странски веб страници кои се блокирани во државата, како Гугл, Фејсбук и Твитер.

Автор

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365