Маркетинг агенцијата VML India креираше нова празнична кампања за брендот KitKat насловена како Break Hai Toh Vibe Hai. Новата кампања се фокусира на непредвидените и хаотични празнични моменти, потсетувајќи ги потрошувачите дека кратката пауза е клучна за враќање на доброто настроение.
Празничниот период обично се поврзува со големи прослави и совршено планирани моменти, но во реалноста секојдневниот хаос и непредвидените ситуации се неизбежен дел од празниците. Новата кампања на KitKat ги уловува токму тие мали пречки и ситни проблеми во подготовката, прикажувајќи ги низ забавна и хумористична перспектива.
Гопичандар Џ., директор за кондиторски производи во Nestlé India, истакна дека празниците се време за прослава и создавање спомени, но малите работи кои не одат според планираното се исто така дел од тоа искуство. Тој додаде дека KitKat отсекогаш бил придружник за значајни паузи и дека целта на кампањата е да ги потсети сите како брзата пауза може да го подобри празничното расположение.
Варун Сетураман, раководител за маркетинг комуникации во Nestlé India, посочи дека градењето значајни брендови бара поврзаност со реалноста на потрошувачите. Според него, додека празничното рекламирање најчесто ги слави големите моменти, токму малите и непредвидени ситуации ги прават празничните пригоди реални и блиски за луѓето, внесувајќи ја филозофијата на KitKat во познат културен контекст.
Од страна на креативната агенција VML India, главниот извршен директор Кунал Рој и извршниот креативен директор Рохан Кумар нагласија дека кампањата служи како забавен потсетник за земање пауза среде празничниот метеж. Кумар се осврна и на цитатот од Џон Ленон дека животот е она што се случува додека правиме други планови, истакнувајќи дека оваа кампања ги прикажува реалните моменти кога празничните планови нема да одат по предвидениот тек.
Продукцијата на видео материјалите за кампањата ја потпишува Abstract Films под режисерска палка на Бану Бабал.













