Чоколадниот бренд KitKat оваа година го прославува својот 85-ти роденден, при што планира направи пауза од својот препознатлив слоган „Направи пауза, земи КитКат“ (“Have a break, Have a KitKat”).
Во кампања создадена со помош на креативната агенција Wunderman Thompson, компанијата ќе ја паузира употребата на слоганот во период од 10 дена, а од фановите побара да смислат алтернативен слоган кој привремено ќе го заземе неговото место.
Оние кои сакаат да ги дадат своите предлози можат да го сторат тоа на социјалните мрежи со употреба на хаштагот #ABreakForHaveABreak. Агенцијата Wunderman Thompson исто така создаде онлајн генератор за слогани кој може да им помогне на фановите во смислувањето на новиот слоган.
Компанијата ќе го објави својот избор за привремен слоган на 27 октомври, а оној кој го смислил ќе добие 85-часовна „пауза“ – престој во луксузен хотел за двајца.