Home » Digital » Ќе им донесе ли гигантот Амазон опасна конкуренција на банкарите?

Ќе им донесе ли гигантот Амазон опасна конкуренција на банкарите?

Компанија Амазон за пет години би можела да има 70 милиони корисници на финансиски услуги, покажува едно неодамнешно истражување.

Концептот „Amazon bank“ би можел така наскоро да порасне на повисоко ниво, е заклучок на консултантската куќа “Bain & Co” која го правела истражувањето.

Наводно, американскиот технолошки гигант веќе преговара со неколку американски банки за партнерство. Во почетокот ќе се работи со млади лица кои ќе добиваат некој вид на сметка во банка, но под брендот на Амазон.

Овој чекор би можел на ИТ компаниите да им ги отвори вратите на финансиските услуги. За разлика од банките, технолошките компании не се подложни на строга регулација, барем не се уште. Покрај Амазон, интерес за влез во таа сфера покажа претходно и Гугл, но и Фејсбук.

Прашањето меѓутоа е дали банките ќе ја искористат потенцијалната шанса да нудат услуги преку ИТ компании што би било вин-вин.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365