Новата аликација наречена Кликни за молитва, ќе информира 1,3 милијарди католици за што се моли, како на пример за мир во светот или за луѓето погодени од природни катастрофи.
Поглаварот на римокатоличката црква ја промовираше новата апликација со која ќе им овозможи на верниците да се молат заедно со него.
Папата ја презентираше најновата дигитална платформа на Ватикан, позната како Светска мрежа за молитва со Папата (Worldwide Network of Prayer with the Pope) за време на традиционалното неделно обраќање на плоштадот Свети Петар во Рим.
Новата аликација наречена Кликни за молитва, ќе информира 1,3 милијарди католици за што се моли, како например за мир во светот или за луѓето погодени од природни катастрофи.
“Интернетот и социјалните медиуми се се начин да останеме во контакт со другите, да споделуваме вредности и да ја изразиме желбата за формирање заедница“, изјави папата за време на традиционалната неделна молитва.
Од Ватикан порачаа дека апликацијата ќе им овозможи на верниците да “го следат папата во неговата мисија за сочувство за светот“.