Home » Во фокусот » Клучот за добитна стратегија за огласување на Амазон?

Клучот за добитна стратегија за огласување на Амазон?

Извор: Adweek; Пишува: Brian Sheehan

Почитувани директори на маркетинг одделите: Ако сеуште не сте ја добиле оваа вест, една од првите три задачи за осигурување опстанок во 2018 година и понатаму, е да развиете стратегија за Амазон. Да почнеме со она што го знаеме:

Дигиталниот дуопол Гугл и Фејсбук, кој според Group M на WPP ја завршија 2017 година со околу 84% од дигиталните инвестиции во светот (минус Кина) во нивните џебови, наскоро ќе стане триопол. Амазон влегува во сцена. Иако Амазон моментално е само број 5 на листата, тој силно расте. Колку брзо? Повеќе од 48% во 2017 година.

Иако на Амазон ќе му треба подолго време да се доближи до Гугл и Фејсбук, дури и со ваквите стапки на раст, нема да биде потребно долго време за да стигне до позицијата 3 (престигнувајќи ги “Мајкрософт” и “Јаху”). И покрај фактот што Амазон е значително помал на третата позиција, да имате добра стратегија за Амазон сега би можело да биде поважно на долг рок за вас, отколку да имате вистинска стратегија за Гугл или Фејсбук.

Гугл знае што пребарувате, Фејсбук што сакате, а Амазон знае што купувате

Една од причините е што она што Амазон го знае за потрошувачите е посупериорно во однос на она што го знаат Гугл и Фејсбук.

Иако сите тие знаат многу, силата на Гугл лежи во познавањето на она што го пребарувате. Силата на Фејсбук е во познавањето на она што го сакате (вие и вашите пријатели). Но, Амазон знае што вие всушност купувате.

Амазон го знае вашето вистинско однесување при купувањето. Една неодамнешна статија за индустријата на видео игри, покажа дека замерките на гејмерите заради одредени работи, како што се наградните пакети, немаат  премногу врска со начинот на кој гејмерите гласаат со нивните паричници. Во написот се вели: “Бизнисот е она што луѓето го прават, а не она што велат. Однесувањето на некој играч е поважно од говорот на играчот. “А тоа важи за секој бизнис. Она што луѓето го сакаат, зборуваат или се жалат е помалку важно за брендовите од тоа како всушност се однесуваат кога купуваат.

Подкастот на eMarketer, Behind the Numbers: How Digital is Transforming Business and Life, неодамна посвети една епизода на Амазон. Никол Перин, аналитичар од eMarketer, вели: “Публиката на Амазон е подготвена за купување, а тие купуваат многу и со текот на времето купуваат се повеќе и почесто … За корисниците на  Amazon Prime тоа важи уште повеќе. Освен тоа, и самата публика на Amazon Prime продолжува да расте. “Дали имате профил на Amazon Prime? Ако имате, знаете за што се работи.

Значи, светот на маркетингот се соочува со „совршена бура“: компанија која е на самото дно на потрошувачката инка, која расте со скокови и ги прескокнува границите. Тоа е исто така, компанија која станува платформа за купување на исклучително голема група на потрошувачи и која има турбо-погон во облик на Amazon Prime .

Еве неколку сериозни работи за кои треба да се размислува: месечниот досег на Амазон на нивната веб-страница е 183 милиони корисници. EBay и Walmart, кои се наоѓаат на второто и третото место, имаат околу половина од тој број. Според извештајот од 2016 година, 55% од интернет корисниците во САД, своите пребарување на производи ги почнуваат на Амазон, а не на Гугл или на други сајтови. Ова е статистика која ги менува правилата на игра.

Амазон, исто така, има еден од најголемите платформи за пребатување (DSP) со исклучително високи стапки на задоволство помеѓу купувачите. За пребарување производи, прикажување и таргетирање, Амазон е вистинската машина. И сето тоа пред воопшто да почнеме да зборуваме за можностите за рекламирање на забавната понуда на Amazon Prime (кој знае што сакате да гледате и нуди потенцијални реклами), или знаењето на Echo-vog за сè друго за вас. И да се разбереме, Амазон сака брзо и значително да го развие своето огласување. Време е Амазон да стане подеднакво успешен во профитот, колку што е успешен во производите и маркетингот, а огласувањето е клучен дел од решението.

Производители на производи за широка потрошувачка, како што се P&G и Unilever, сега се натпреваруваат за полиците во Амазон, исто како што се натпреваруваа за полиците на Walmart. Тие знаат дека ќе биде тешко да се променат навиките на луѓето кога ќе почнат да ги прават своите шопинг листи онлајн. Времето за овие брендови да победат на Амазон е токму сега. А временскиот прозорец за тој успех би можел да биде многу мал, можеби една година или две.

Контраинтуитивен предлог за стратегија

Тоа нè доведува до она што брендовите би требало да го направат. Интуитивен одговор е да почнеме да размислуваме за тоа како да се искористи платформата на Амазон за да успееме на “полицата на дигиталниот супермаркет”. Се разбира, брендовите треба да го направат тоа итно.

Но, еве и контраинтуитивен одговор: сега е и клучно време да создадете одлични бренд кампањи за врвот на потрошувачката инка и тоа на други платформи, вклучувајќи ги ТВ, YouTube, OOH, Facebook, принт, итн. Оние кои го прават тоа, ќе победат.

Причината за top-of-the-funnel работа е фактот што Амазон наскоро ќе го зацврсти купувањето од навика и тоа за милиони и милиони луѓе и во многу категории на производи. Производите, всушност, ќе се нарачуваат самите. Накратко, почетната предност денес, поттикната со брендирање на високо ниво, ќе помогне да се освои навиката за купување за во иднина. Така, клучот за освојување на дното на инката во иднина е освојувањето на врвот на инката денес. Ако сега можете да ги привлечете луѓето да го сакаат вашиот бренд уште повеќе, ќе ви биде полесно во иднина.

Еден добар начин на размислување за тоа е дека инката сега изгледа како тег кој стои на едниот крај. Голем на врвот и голем на дното. Она што е во средината се смета помалку од кога било досега. Големите можности за брендирање во 2018 и 2019 година, како што се на Супер Боул, на Оскарите, финалните епизоди на популарните серии и виралните видеа на YouTube, можеби ќе бидат поважни од кога било досега, и секако, многу поважни отколку што некогаш ќе бидат.

Автор

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365