Home » Во фокусот » Кои се најголемите патриоти помеѓу брендовите во Америка?

Кои се најголемите патриоти помеѓу брендовите во Америка?

Соединетите Американски Држави денес, 4 јули, слават 241 година независност, а по тој повод истражувачката консултанска куќа Brand Keys го објави своето 15 годишно истражување на најпатриотските американски брендови, во кое забележале „драматична промена во перцепцијата на потрошувачкиот патроитизам“.

Jeep, Disney и Levi Strauss и понатаму се на врвот на листата, за која Brand Keys тврди дека е драматично изменета и сега ги вклучува и брендовите Fox News, Tesla, MSNBC и Twitter.

На листста за 2017 година, исто така се наоѓаат и Coca-Cola, Ford, Hershey, Ralph Lauren, Jack Daniels и Sam Adams.

Не изненадува тоа што Brand Keys забележале дека во компаниите,  политиката оваа година имала значајно влијание, посебно кога станува збор за начинот на кој потрошувачите гледаат на брендовите низ призмата на партиотизмот.

Нашите најнови претседателски ибори и политичките последици од нив ,создадоа повисоко ниво на политичка дебата и покренаа повеќе спорни прашања“ наведуваат од Brand Keys. „Изборите ги поделија политичките партии, ги поделија потрошувачите и нивните брендови. Исто така и драматично го променија она што ја одредува перцепцијата на патриотизмот.“

Според зборовите на Robert Passikoff, претседател на Brand Keys, тоа ги вклучува факторите како гордост, кој се приближи на поимот само-важност, како и инклузија, која се помести кон маргинализацијата.  „Храброста се претвори во погодност, а слободата, всушност стана порок на екстремизмот“, додаде Passikoff.

Листата на најголемите патриоти помеѓу брендовите во САД можете да ја погледнете ОВДЕ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365