Home » Во фокусот » Кои се најуспешните кампањи, агенции, мрежи и брендови во областа на општествената одговорност во 2017 година?

Кои се најуспешните кампањи, агенции, мрежи и брендови во областа на општествената одговорност во 2017 година?

The Good Report е заеднички проект на организацијата ACT Responsible и Gunn Report, а им оддава почит на најдобрите кампањи кои во 2017 година се спроведени во областа на општествената одговорност

The Good Report  претставува единствено рангирање на најдоброто користење на креативни комуникации низ целиот свет со цел промовирање на одржливоста и општествената одговорност, заради подигнување на свеста за главните општествени и еколошки проблеми. Овој извештај е создаден во соработка помеѓу ACT Responsible, меѓународна непрофитна организација и најголем извор на најдобрите светски реклами за социјалните и еколошките прашања и Gunn Report, престижен глобален индекс за креативна извонредност во рекламирањето.

За потребите на извештајот, се проценети вкупно 1045 кампањи на 680 агенции за 850 огласувачи од 80 земји. Рангирањето е направено со комбинирање на признанијата кои ги добиле кампањите во рамките на огласувачката индустрија и нивниот ефект измерен преку извештајот Gunn Report, како и промотивните напори на кампањата и признавањето од страна на пошироката јавност преку јавно гласање кое беше организирано од страна на организацијата ACT Responsible. Во овој извештај не постојат сложени критериуми и категории, туку се работи за одлични кампањи со добра цел.

The Good Report 2017 се состои од 40 кампањи, од кои 31 се направени за невладини организации, институции и фондации, а 9 за комерцијални брендови.

Првите позиции на овогодинешната листа ги зазедоа:

Најуспешни кампањи во промовирање на добри цели во 2017:

  1. Fearless Girl, McCann New York – State Street Corporation
  2.  Switch it off, Ogilvy Germany, Berlin – Amnesty International
  3.  Meet Graham, Clemenger BBDO Melbourne – Transport Accident Commission
  4.  Evan, BBDO New York – Sandy Hook Promise
  5.  The First Braille Smartwatch, Serviceplan Germany – Dot Incorporation

Најуспешни агенции во промовирање на добри цели во 2017:

  1. BBDO New York – САД
  2. McCann New York – САД
  3. Ogilvy Berlin – Германија
  4. Clemenger BBDO Melbourne – Австралија
  5. Serviceplan München – Германија

Најуспешни мрежи во промовирање на добри цели во 2017:

  1. BBDO Worldwide
  2. FCB Worldwide
  3. McCann Worldgroup
  4. Ogilvy & Mather Worldwide
  5. Young & Rubicam Group

Најуспешни брендови во промовирање на добри цели во 2017:

  1. Amnesty International
  2. WWF
  3. UNICEF
  4. Red Cross
  5. Greenpeace

Организацијата Act Responsible го креираше „The Good Report“ во соработка со Gunn Report со цел оддавање признание на одличните кампањи и посветеноста на агенциите кои работат на подрачјето на важните прашања во светот, со цел дополнително да ги мотивираат и инспирираат на креативност, но и да ги охрабрат кон создавање на нови кампањи.

Кампањите кои се претставени во овај извештај ќе бидат претставени и на годишната Act Responsible Expo изложба која ќе се одржи во текот на 65-тиот меѓународен фестивал на креативноста Cannes Lions во јуни.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365