Sony Interactive Entertainment ја лансираше својата најнова кампања посветена на PlayStation Plus, која делува како метафора за патешествието што PlayStation им го овозможува на неговите играчи.
Централниот спот на кампањата го носи гледачот во еден мистериозен и интригантен свет, прикажувајќи ги сите животи што може да ги живее еден гејмер. Ја раскажува приказната за г-дин Малколм, постар господин кој на прв поглед изгледа како секој нормален, скромен човек што го гледате на улица. Но, додека го следиме низ градот и се враќаме во неговиот дом, почнуваме да ги сфаќаме многуте различни животи што тој ги живеел.
Патуваме низ куќата на г-дин Малколм, долу во неговиот таен подрум, полн со неверојатни предмети собрани од неговите многубројни авантури – сите ги вовлекуваат гледачите подлабоко во мистеријата за тоа кој е всушност овој човек?!
Оваа фасцинантна кампања го претставува совршениот херој на PlayStation – доказ дека секој може да ги искуси чудесиите на PlayStation, задоволувајќи ја својата жед за авантура, истражување и возбуда. PlayStation ја прашува публиката: „Зошто да бидеш едно нешто, кога можеш да бидеш сé?“
Кампањата е создадена со помош на креативната агенција adam&eveDDB.