Home » Во фокусот » Кој е шефот дома?

Кој е шефот дома?

Тинејџерите сериозно влијаат врз трошењето во домаќинствата
Младите тежнеат на конзумирање не само на музика и облека, туку и на мебел и патување.

Тинејџерите стануваат главните “влијателници“ во домаќинстват,а за чие мислење за набавки се внимава многу во светски рамки. Дигиталниот статус на младите денес, им дава поголем авторитет од повозрасните членови во семејството и тоа влијание се протега надвор од дигиталните набавки на храна и пијалоци па дури и набавка на мебел но и патување.

Во извештајот од IBM и Националната федерација (NRF) се обезбедуваат податоци за тоа како тинејџерите ги стекнуваат и ги трошат нивните пари и влијаат врз расходите на нивните родители.
Испитани се 15.600 тинејџери на возраст од 13 до 21 од 16 земји.

Извор: eMarketer.com

Не е изненадувачки, облеката и обувките се на врвот на категоријата во која тинејџерите најмногу влијаат. Околу 55% од испитаниците ги трошат своите пари на овие купувања додека 60% од нив влијаеле врз семејното купување на облека.
Физичките копии на книги и музика се втора по ранг категорија каде тинјџерите најубедливо трошат пари, на која 52% од испитаниците ги трошат своите пари, а 41% влијаат врз изборот на нивните родители.

Околу половина од анкетираните тинејџери се со поголема веројатност да ги користат нивните сопствени пари за забава, а ова се однесува на категории како што се апликации, игри, книги и музика.
Но многу важно е да се истакне дека значителен процент од тинејџерите се во можност да ги убедат своите родители во врска со изборот на производот. Околу 48% од тинејџерите ги трошат своите пари на настани и излети, но истиот процент влијае и врз трошењето за семејни екскурзии.

Кога станува збор за сопствени пари, тинејџерите ги стекнуваат на различни начини.
– Околу 60% од нив добиваат џепарлак.
– Помалку од ¼ работат работи со пола работно време додека 9% работат целосно работно време.
– Еден од петмина млади добива пари како подарок.
– Помеѓу 9%-16% од магнатите се тинејџери кои заработуваат работејќи онлајн или за себе.

Автор Marketing365

Маркетинг365 (М365) е прв македонски портал кој во фокусот ја има маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија. Формиран е во 2011 година и во своето досегашно постоење има добиено неколку домашни и меѓународни признанија вклучувајќи ги и “Блог на годината“ (прво место, 2011 и 2015 год.), “Највлијателен балкански блог кој доаѓа од Македонија“ (прво место 2012) и “Најдобар бизнис-информативен веб сајт“ (второ место, 2014). Почнувајќи од февруари 2015 година, Маркетинг365 е официјален претставник во Македонија на најпознатиот светски креативен фестивал Cannes Lions. Тимот на М365 го сочинуваат активни професионалци од маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија. e-mail : contact@marketing365.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365