Home » Во фокусот » Кој им ги продава Вашите податоци на огласувачите?

Кој им ги продава Вашите податоци на огласувачите?

Во Њујорк Тајмс неодамна е објавена репортажа дека еден од интернет сервисите (Unroll.me) продава анонимни податоци на своите корисници на трети страни. Многу корисници се вознемирија околку ова – но, факт е дека во условите за користење на тој и слични сервиси прилично јасно пишува што прават.

Бројни дигитални компании веќе по дифолт имаат ставка во условите за користење дека можат да ги искористат анонимните податоци на своите корисници на овај или онај начин – што вклучува и нивна продажба. Во никој случај тоа не мора да значи повреда на приватноста, за што важат неколку регулативи – посебно во ЕУ.

Во Business Insider одлучија да прошетаат некои од популарните сервиси и без претерано чудење, открија дека ставката за продавање на податоци на трети страни е практично вообичаена приказна. Многу компании сепак изјавиле дека немаат план тоа и да го направат, осносно не го прават активно, додека други одбиле да ги коментираат сопствените услови на користење.

Tinder е еден од сервисите кој има богата колекција на кориснички податоци, и што не е чудно посебно заради поврзаноста со Фејсбук профилите на корисниците. Во условите на користење јасно стои дека можат да споделуваат  лични или нелични податоци во облик на компјутерски податоци (анонимно) со трети страни како на пример огласувачи, советници и слично, за целите на рекламирање, бизнис анализи и сл.

Spotify е исто така на листата, а наведува дека собирањето на податоци  е за потребите на усовршување на сопствениот сервис и огласување. Ова е всушност повеќе од потребно за некои од клучните карактеристики на сервисот како Discover Weekly, кој анализира што корисниците сакаат да слушаат и им обезбедува парсонализирана плеј листа. И тие наведуваат дека податоците се анонимни, а за Business Insider го изјавија следното: „Податоците кои ги делиме со партнерите ги користиме едноставно да го подобриме корисничкото искуство, да донесеме релевантна содржина и рекламиза корисниците на бесплатната верзија на услугата и да изградиме нови и иновативни производи за во иднина. Spotify не ги продава корисничките податоци, а нивната приватност и безбедност нас ни е најголем приоритет.“

Lyft во своите услови на користење кратко објаснува како може да споделува информации со трети страни, за бизнис потреби. Тие информации се анонимни. За Business Insider изјавија дека ‘моментално не продаваат кориснички податоци и немаат идни планови за тоа‘.

Pandora исто така наведува дека споделува заштитени податоци на корисниците со трети страни, повторно – за потребите на бизнис анализи, огласување и сл.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365