Home » Во фокусот » Која е генерација Z? Како тинејџерите ја конзумираат содржината

Која е генерација Z? Како тинејџерите ја конзумираат содржината

Под стрес, глобални, внимателени, флуиден идентитет, бунтовници, технолошки “домородци”- ова се само некои од поимите со кои се опишува генерација Z

Генерално се дефинира како генерација родена приближно помеѓу 1996 година до 2011 година и оваа генерација го сочинува 25% од населението во светот, а наскоро ќе ја надмине втората генерација во однос на куповната моќ. Медиумската компанија Awesomeness ги анализираше навиките на припадниците на генерација Z, во партнерство со истражувачката фирма Trendera.

Според агенцијата Awesomeness, која создава содржина за овие млади луѓе, генерацијата може да се опише со термини како што се: под стрес, глобални, внимателени, флуиден идентитет, бунтовници, технолошки “домородци”.

Сето ова има смисла, бидејќи генерацијата Z е првата генерација на вистински дигитални домородци. Тие се родени и израснати со брз интернет, паметни телефони, социјални медиуми и пристап до вести.

Според истражувањето, тинејџерите веруваат дека социјалните медиуми, технологијата и вознемирувањето на интернет ќе имаат најголемо влијание врз нивната генерација.

Кога станува збор за активноста во дигиталниот свет, 62% од генерацијата Z е повеќе подготвена да се изрази себеси дигитално отколку лично.

Топ пет социјални платформи кои ги користи генерација Z се: YouTube (79%), Facebook (78%), Instagram (69%), Snapchat (68%) и Twitter (49%).

Според статистиката, 71% од нивната конзумација на забавата доаѓа преку стриминг услуги, од кои една третина конзумираат на мобилните уреди. 52% од припадниците на генерацијата Z најверојатно ќе го прегледаат видеото до крај доколку видеото ги засмејува.

Што се однесува до нивните верувања, според истражувањето, речиси една третина од генерацијата Z сметаат дека нивните врсници имаат поголема веројатност сите да ги сметаат за еднакви. Покрај тоа, тинејџери денес во голема мера ги поддржуваат социјалните движења, па така, 80% од нив го поддржуваат Black Lives Matter, трансродовите права ги поддржуваат 74% и фенимизмот 63%, а повеќето велат дека овие движења треба да бидат прифатени денес во општеството.

Но, во покрај ова прифаќање и пошироко чувство за идентитет, еден од пет тинејџери признаваат дека имаат Finstagram, т.е. алтернативен приватен профил на Instagram, каде што можат да објавуваат содржини без грижи за лајкови, коментари итн.

 

Автор

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365