Овој брендиран краткометражен филм го режираше бразилецот Родриго Сааведра, а премиерата ја доживеа на фестивалот Санденс
Винарија Френсис Форд Копола го ангажираше бразилскиот режисер Родриго Сааведра за да го направи краткиот забавен филм „The Red Stain“, кој беше претставен на фестивалот Санденс минатата недела.
Десетминутниот брендиран филм донесува прекрасни слики од романтичниот италијански град, во кој младиот американец Били ја носи својата кошула со голема црвена дамка во локалниот сервис за хемиско чистење. Дамката на кошулата го поттикнува сопственикот на сервисот и неговата сопруга да разговараат за тоа која е приказната зад дамката. Шпекулирајќи ги причините, двајцата смислуваат се ` поинтересни и пофантастични приказни, обидувајќи се да се надминат меѓусебно. Но, дали некогаш ќе откриеме што навистина направил Били (кој го игра Франческо Ди Раимундо)?
Филмот е во продукција на продукциската куќа The Directors Bureau, и во него виното Копола игра мала, но важна улога.