Home » Digital » Која социјална мрежа најмногу ја користат тинејџерите?

Која социјална мрежа најмногу ја користат тинејџерите?

Една неодамнешно истражување во САД покажа дека Инстаграм го престигна Снепчет по бројот на корисници, но разликата е многу мала

Снепчет со години е омилена социјална мрежа меѓу тинејџерите, кои Фејсбук, каде што се нивните мајки, татковци, баби и дедовци, го заменија со оваа мрежа која постарите сеуште не ја разбираат и не знаат да ја користат. Но, како што е познато, Снепчет во последно време е во големи проблеми, кои кулминираа по промената на дизајнот на апликацијата, која беше критикувана од страна на повеќето корисници. Шефот на компанијата Еван Шпигел беше многу тврдоглав и не сакаше да го врати стариот дизајн, како што бараа милиони корисници, што на крајот се покажа како лош потег.

Многумина веруваат дека почетокот на крајот на доминацијата на Снепчет започна откако Инстаграм ја “позајми” опцијата Stories, чија популарност брзо ја надмина популарноста на приказните на Снепчет. На Снепчет, очигледно му беше потребно нешто ново, за да привлече нови клиенти и да ги задржи старите, но се покажа дека редизајнот е промашување, што е уште една причина зошто корисниците времето што го поминуваат на оваа мрежа го заменија со Инстаграм.

Според најновиот извештај на аналитичката компанија Piper Jaffray за САД, Снепчет повеќе не е најкористена апликација меѓу тинејџерите и неа ја замени токму – Инстаграм. Истражувањето покажа дека Снепчет и понатаму најмалку еднаш месечно го користат 84% од испитаниците, додека оваа бројка за Инстаграм изнесува 85% и можеме да очекуваме дека разликата на овие еден отсто ќе се зголеми со текот на времето во корист на Инстаграм.

Една работа е сепак позитивна за Снепчет во ова истражување, а тоа е популарноста, односно за 46% од тинејџерите таа е омилена платформа, додека Инстаграм е најпопуларен за само 32% од тинејџерите. Што се однесува до Фејсбук, само 36% од тинејџерите во САД ја користат оваа социјална мрежа и е омилена мрежа за само 5% од младите.

Освен Инстаграм и Снепчет, американските тинејџери најмногу време поминуваат и со YouTube и Netflix – дури 38% од времето кое го поминуваат во гледање на видео содржини го трошат на Netflix, а 33,1% од своето време го поминуваат на YouTube.

Истражувањето главно го нагласува порастот на популарноста на YouTube (од 2015 година, процентот се зголеми од 21,4% на 33,1%) и намалување на времето поминато со кабелска и сателитска ТВ (од речиси 30% во 2015 година, на само 16,4% оваа година).

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365