Home » Digital » Конечно објавени специфични детали за тоа какви содржини ќе „банира“ Фејсбук

Конечно објавени специфични детали за тоа какви содржини ќе „банира“ Фејсбук

Фејсбук за прв пат откри точно какви содржини ќе забранува на својот сервис во новиот документ за “Community Standards” објавен во вторникот. Всушност, се работи за надоградена врзија на внатрешните правила кои компанијата ги следеше за да одредува што е дозволено, а што не на својата платформа, се’ до најситните детали како тоа што точно ќе се смета за „кредибилна закана“ за насилство.

Претходната јавна верзија содржеше широки рамки на правила, додека пак спецификите беа обвиени во тајност за мнозинството од 2.2 милијарди корисници на Фејсбук. Но, не повеќе. Еве неколку примери за тоа што точно правилата забрануваат. Напомена: Фејсбук не ги промени правилата, туку само ги објави јавно.

Кредибилно насилство

Дали постои реална закана? Фејсбук ќе бара „кредибилни изјави со намера за извршување на насилство врз личности, групи на луѓе или места (град или помало).“ Дали постои парична награда или барање за исплата? Дали се споменува или има слика од специфично оружје? Дали има цел со барем уште два детали како локација, метод или време? Исказите за извршување насилство врз ранлива личност или група како „државници, сведоци и доверливи информатори, активисти и новинари“ исто така спаѓаат тука.

Забранети се и инструкции за „правење и употреба на оружје ако целта е да се повредат или убијат луѓе“, освен ако нема „јасен контекст дека содржините се однесуваат на алтернативни намени (на пример: споделени како дел од рекреативни активности за самоодбрана, вежби на државни армии, комерцијални видео игри или вести).“

Говор на омраза

„Го дефинираме говорот на омраза како директен напад на луѓе врз основа на т.н. заштитени особини: раса, етничка припадност, национално потекло, религиска припадност, сексуална ориентација, пол, полов идентитет и сериозни нарушувања или болести Ние исто така обезбедуваме и делумна заштите за имигрантски статус,“ објавија од Фејсбук. А, во однос на тоа што е тоа „директен напад“, компанијата посочи дека тоа е „секој насилен или дехуманизирачки говор, искази за инфериорност, или повици за исклучување или сегрегација.“

Постојат три степени на „сериозност“, почнувајќи од споредувањето на „заштитена група“ со „нечистотија“ или „болест“, до повици за „исклучување и сегрегација“ на личност или група врз основа на „заштитени особини“. Фејсбук истакна дека сепак ќе дозволува „критики на одредена имиграциска политика и аргументи за ограничување на таквите политики.“

Графичко насилство

Слики на насилство врз „вистински луѓе или животни“ со коментари или описи кои содржат уживање во страдање, понижување и забелешки во позитивна конотација кон насилството, или „укажуваат дека постирачот ја споделува снимката поради сензационално задоволство од гледање,“ се забранети. Описите и контекстот се важни во овој случај бидејќи Фејсбук дозволува такви слики во кои се осудува насилството, или се споделени како вести или во медицинска конотација. Но, и во таков случај, постот мора да биде ограничен само на полнолетни лици и да содржи предупредување.

Сексуална експлоатација на деца

„Не дозволуваме содржини кои сексуално експлоатираат или загрозуваат деца. Кога ќе бидеме свесни за очигледна експлоатација на деца, го пријавуваме во националниот центар за исчезнати и експлоатирани деца, во согласност со важечкиот закон. Знаеме дека некогаш луѓето споделуваат голи слики од своите сопствени деца со добри намеи, но сепак, генерално ќе ги отстрануваме овие слики поради потенцијалната злоупотреба од други лица и со цел да се избегне можноста други лица да ги ре-употребат или проневерат овие слики,“ стои во правилата на Фејсбук. Потоа се наведуваат 12 специфични случаи на деца во сексуален контекст, наведувајќи дека забраната ги вклучува, но не е ограничена на овие примери.

Полнолетна голотија и сексуални активности

  1. „Разбираме дека голотијата може да биде споделена поради различни причини, вклучувајќи и како форма на протест, за подигнување на свесност за одредена кауза, или поради едукативни или медицински причини. Во случаи во кои ваквата намера е јасна, ќе ги дозволуваме содржините. На пример, и покрај тоа што обично ги забрануваме сликите на женски гради кои ги вклучуваат и брадавиците, ќе ги дозволиме во случај кога се работи за акт на протест, жени кои се во состојба на активно доење или слики на лузни после мастектомија (хируршко отстранување на гради),“ објавија од Фејсбук. Компанијата истакна дека отстранува сексуални слики „по дифолт“ со цел да се спречи ширењето на неконсензуални или малолетни содржини. Ограничувањата се однесуваат на слики од реални луѓе и на дигитално креирани содржини, при што уметничките цртежи, слики или скулптури претставуваат исклучок.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365