Home » Во фокусот » Конференција за креативни хабови на 16-ти декември во Скопје

Конференција за креативни хабови на 16-ти декември во Скопје

На 16 декември во Кинотека на Македонија во Скопје ќе се одржи Конференцијата за креативно здружување во организација на Плакарт – Здружението на дизајнери.

Конференцијата има за цел да поттикне креативни идеи и формирање хабови- заедници, а воедно и да влијае на развојот на креативните индустрии.

Конференцијата ќе се фокусира на прашањата кои ги засегаат уметниците и дизајнерите од Македонија – како подобра заштита на авторските права, прилагодување на новите услови на работа во ерата на дигитализацијата, запознавање со државните политики за поддршка на креативниот сектор и потребата од креативно образование – кое е предуслов за зголемување на атрактивноста на проектите и производите. “ – истакна Лазе Трипков, претседателот на Плакарт, организаторот на конференцијата.

Во 3те конференциски сесии учество ќе земат претставници на Министерството за култура на Република Македонија, претставници од Британски cовет и од Creativе Dundee – Линзи Смит и Џилиан Исон, како и лидерите на креативни проекти од поширокиот регион Љубо Георгиев – One Architecture Week од Софија, Мета Штулар – RogLab од Љубљана и Реља Бобиќ – Nova Iskra од Белград.

По завршувањето на конференцијата ќе се одржат и работилници на тема формирање хабови и креативно здружување со целни задачи дизајнирање на визијата за креативниот сектор во Скопје во 2025, креирање детален план за формирање креативен хаб и негово спроведување.

Поддржувач на оваа конференција се Министерството за култура на Република Македонија, Британскиот совет во Македонија и Кинотека на Македонија.

Учеството на конференцијата е бесплатно, а пријавувањето може да ги направите на следниот линк: http://skopjeposter.com/mk/nastani/ На истиот линк може да ја најдете и целосната програма на конференцијата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365