Creative Hub ( www.creativehub.mk ) објавува Конкурс за стипендија за Академија за Маркетинг и ПР за престојниот февруарски уписен рок.
Академијата за Маркетинг и ПР е во времетраење од 6 месеци и ги вклучува следните предмети: Истражување на пазар, ATL и BTL Маркетинг стратегија, Брендирање, Евент Менаџмент, Продажни стратегии, Дигитален Маркетинг ( Копирајтинг, Медиски закуп, SEO, Google Ads, Facebook Ads Manager, Instagram Ads, LinkedIn Ads, Lead Gen, Email Marketing) , и завшува со ПР, Корпоративен и Кризен ПР.
Академијата ја сочинува предавачки тим од 12 професионалци во областа на маркетинг и ПР со работно искуство во водечки маркетинг агенции или пак маркетинг и корпоративни сектори на познаци компании како Емилија Зографска, Ивона Петков Галиќ, Трајко Џиков, Сергеј Зафировски, Огнена Васиљевиќ, Аријана Коскарова, Михаил Ангелов, Радмила Павловска, Дина Муцунска, Билјана Северинова и други.
Во склоп на Академијата, Creative Hub организира и настани како “Македонски маркетинг настан” и “ПР Бар” за да им овозможи на учесниците да се запознаат со фелата двигател на процесите во маркетинг и пр секторот во Македонија.
Предавањата на Академијата се по 17 часот и се одржуваат во просториите на Creative Hub.
На Конкурсот за стипендија се доделуваат 10 стипендии, а сите заинтересирани што сакаат да конкурираат за стипендија може да испратат свои податоци на contact@creativehub.mk и да се пријават за истиот.
Конкурсот е отворен до 15 февруари.