Home » Во фокусот » КПМГ во Македонија прослави 20 години постоење. Срѓан Ранѓеловиќ именуван за нов партнер

КПМГ во Македонија прослави 20 години постоење. Срѓан Ранѓеловиќ именуван за нов партнер

Водечката фирма за професионални услуги КПМГ во Македонија синоќа одбележа два значајни настани: својата дваесетгодишнина и именувањето на новиот партнер, г. Срѓан Ранѓеловиќ, со концерт на Македонската филхармонија со наслов “Charlie Parker with strings”. Овој концерт беше изведен премиерно во нашата земја и ја нагласува поддршката што КПМГ ја дава за културата и уметноста во Македонија.

На прославата присуствуваа многубројни клиенти и ценети гости на КПМГ во Македонија, вклучувајќи го и претставникот на Бордот на КПМГ за Централна и Источна Европа и раководниот партнер на КПМГ во Бугарија, г-ѓа Гергана Мантаркова, како и поранешни и сегашни вработени на КПМГ во Македонија.

Честитајќи го овој значаен јубилеј, г-ѓа Мантаркова рече: „Водени од вредностите на КПМГ за извонредност, доверба и посветеност кон клиентите, КПМГ во Македонија изгради силен тим со големо знаење и искуство, кој освен во Македонија учествува и во многу меѓународни проекти во регионот, применувајќи ја својата експертиза и градејќи репутација во различни сектори и индустрии“. По повод именувањето на новиот партнер,  г-ѓа Мантаркова изјави: „Особено сум горда на практиката на КПМГ да именува локални партнери како признание за нивниот квалитет, посветеност и постојаниот придонес“.

Гордана Никушевска и Срѓан Ранѓеловиќ

Во својот говор г-ѓа Гордана Никушевска изјави: „КПМГ во Македонија е основана во 1997 година како дел од големото семејство на КПМГ во целиот свет. Со тоа во Македонија се донесе големото меѓународно искуство и know-how на КПМГ, една од најголемите светски ревизорски и консултантски куќи, со што се придонесе за развојот и приближувањето на нашите клиенти кон најдобрите практики. Со ангажманите, еднакво и во мали и во големи компании, како и со учеството во многубројни проекти од јавниот сектор, ние придонесуваме во заедницата и влијаеме врз економијата на нашата земја во целост“.

Новоименуваниот партнер, г. Срѓан Ранѓеловиќ, се осврна на основните елементи на визијата на КПМГ: луѓето, клиентите и јавноста. „Ние ќе продолжиме да се залагаме КПМГ и во иднина да ги има најдобрите луѓе и да биде работодавец од избор за голем број студенти и млади луѓе. Се надевам дека КПМГ и во наредните години ќе биде едно прекрасно место за работа и за градење кариера на многу успешни професионалци“.

Автор Борис Ефтимовски

Борис е маркетинг и ПР професионалец, основач на Маркетинг365. Во своето работно портфолио, вклучува работни ангажмани за повеќе домашни и интернационални мали, средни и големи компании каде бил вклучен како маркетинг/ПР менаџер или консултант. Доколку Ви е потребна асистенција или консултација за Вашите маркетинг, ПР или продажни активности пишете му на: boris@marketing365.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365