Магазинот „Лице в лице“ започна уште една онлајн акција во соработка со агенцијата McCann Белград, со цел да ги поттикне читателите да ја поддржат продажбата на списанието со тоа што и самите ќе станат дел од продажниот тим.
Пандемијата на вирусот Ковид-19 значително го намали бројот на луѓе на улиците, а со тоа ја намали и можноста за продажба на списанието „Лице в лице“, со оглед на тоа што неговата дистрибуција се прави преку мрежа на продавачи кои најтешко доаѓаат до работа, а кои заработуваат 50% од продажбата од секој продаден примерок.
Само со неколку кликови, без оглед каде се наоѓа во моментот, секој може да го облече препознатливиот син елек и преку своите социјални мрежи да ги покани пријателите и познаниците да го купат тековното дигитално издание на списанието, да се претплатат, да донираат средства или да купат маица во интернет продавницата.
„Зошто оваа соработка е важна за нас? Се разбира, постојат повеќе причини, но би сакал да издвојам барем две: Лансирањето на оваа про-боно кампања се случи на иницијатива на агенцијата, како продолжение (втор дел) на веќе успешно спроведената кампања во екот на првиот бран на пандемијата, што значи дека благодарение на нашата десетгодишен труд и посветена работа, сме препознаени како проект што треба и вреди да се поддржи. И второ, оваа кампања дополнително ќе ја прошири „Лице в лице“ заедницата, кругот на оние кои нè ценат и поддржуваат, што не само што ќе ни помогне да ја надминеме кризата во која сите западнавме, туку и значително ќе го прошириме кругот на пријатели и поддржувачи на кои ќе можеме да се потпреме во иднина“, објасни Милосав Мариновиќ, директор и главен и одговорен уредник.
„Поради целокупната ситуација и проблемите на мнозинството, лесно се заборава на потребите на посебните групи. Соработката со списанието „Лице в лице“ ја започнавме уште за време на карантинските денови, а секоја идеја секогаш се фокусираше на онлајн продажбата, како алтернативна поддршка на продавачите. Преку најновата акција, не ги повикуваме луѓето само да купуваат. Ги повикуваме активно да се вклучат во продажбата и преку еден симболичен чин, користејќи AR филтер и технологија, да станат дел од „Лице в лице“ приказната, рече Јована Брадаш, Senior Copywriter во агенцијата McCann Белград.
Облечете елек и станете продавач на списанието „Лице в лице“, но од вашиот дом. Додадете ја официјална „Лице в лице“ рамка на вашата профилна фотографија на Фејсбук или филтер на Инстаграм стори и поканете ги вашите пријатели да се приклучат на акцијата. Поддршката е важна!
Профилна рамка на Фејсбук:
https://www.facebook.com/profilepicframes?selected_overlay_id=686668968559028
Филтер на Инстаграм: https://www.instagram.com/stories/highlights/17861259944175194/