“Се радувам на позитивната и инспиративна атмосфера која веќе некое време се развива во нашиот мал адвертајзинг свет“ – вели новиот креативен директор на McCann Загреб.
Иван Чепелак е новиот креативен директор во McCann Загреб. Се работи за многу искусен експерт кој ги помина последните 11 години, прво како копирајтер, а потоа и како креативен директор, во агенцијата Bruketa&Žinić&Grey.
“Иван е многу големо засилување за нашиот тим, како креативна личност и како човек”, го најави неговото доаѓање Даниел Вуковиќ, главен креативен директор во McCann Загреб. “Во агенцијата донесува исклучително знаење и искуство. Паметен и стабилен, отворен и позитивен – тој е идеална личност за McCann во која сите колеги се пријатели. “
Чепелак досега има работено на повеќе проекти и кампањи, кои освојувале Effie и Ideja X награди, а во 2011 година е прогласен за копирајтер на годината. “Секогаш ја ценав добро кажаната вистина. Драго ми е што сега ќе бидам на страната на оние кои ја создаваат “, изјави Иван Чепелак, во улога на креативен директор во новата агенција.
“Се радувам на позитивната и инспиративна атмосфера која веќе некое време се развива во нашиот мал адвертајзинг свет и работи на нови и успешни проекти. На крајот на краиштата, станувам дел од хрватската агенција на годината“, заклучува тој и на крајот го открива своето животно мото (” Не му прави на другите тоа што не сакаш тебе да ти го прават“) но, и креативно мото (” Прави го она што не сакаш другите да го прават “).