Home » Во фокусот » Laibach доаѓаат на BalCannes во Ровињ

Laibach доаѓаат на BalCannes во Ровињ

Како дел од овогодишната програма на BalCannes, регионалната ревија на рекламни агенции, која се одржува во склоп на Викенд Медиа Фестивалот во Ровињ доаѓа култната словенска група Laibach.

Со членовите на оваа група која штотуку се врати од гостување во Северна Кореја ќе разговара извршниот креативен директор на словенската агенција Пристоп, Аљоша Багола.

Grupa Laibach

Мина Шпилер и Јани Новак, идејниот лидер и член на групата од самиот нејзин почеток, ексклузивно ќе ги споделат своите искуства со своите концерти во Северна Кореја, каде, како прва музичка група од Западот беа поканети од службениот Пјонгјанг.

“Laibach е многу повеќе од музичка група, Laibach е музички феномен. Тие се маркетинг стручњаци и мајстори за провокација и ние маркетерите можеме многу да научиме од нив“ , вели Аљоша Бегола кој веќе нестрпливо го очекува самиот разговор.

Багола, покрај маркетинг вештините на Laibach и нивното место во поп културата, ќе го интересира и нивното доживување на најтоталитарниот режим во светот, неговата прочуена цензура и страшна влада, за која од Laibach велат дена не ја ни осетиле.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365