Рекламата која е создадена in-house се врти околу магијата на оние мали коцки што сите ги сакаме и со кои сите ние израснавме
Лего ја лансираше својата прва глобална празнична кампања која ја покажува магијата на имагинацијата која нивните коцки ја будат во “децата” од сите возрасти.
Шарената оптимистичка реклама доаѓа со нов слоган: “Ова не е коцка. Тоа е нивната најлуда желба”, а покажува родители кои им се придружуваат на своите деца во нивните имагинативни светови, со што брендот јасно комуницира дека Лего е за секого.
Рекламата која е направена од in-house тим, The Lego Agency, донесува експлозија на бои на вашиот екран и ве потсетува на некои од култните Лего сетови, како што се Star Wars или на сите омилените полициски автомобили.
Дел од празничната кампања е Фејсбук четбот наречен Ralph и AR филтер, кој ќе им помогнат на децата и родителите уште подлабоко да се нурнат во приказната на брендот во оваа празнична сезона. Кампањата е на некој начин одговор на растечките проблеми на пазарот на играчки, каде што има огромно зголемување на конкуренцијата од современи играчки, како и интернетот.