Во преполната сала на Опера и театар Madlenianum, познатиот Данец, Мартин Линдстром, пред повеќе од 400 делегати покажа зошто се смета за маркетинг експерт на деценијата. Тој беше единствениот говорник на првиот ARK Branding Symposium, кој беше организиран од страна на Здружението “Бренд стручњаци“.
За време на осумчасовното предавање, Мартин на својот карактеристичен начин го раскажа и го пренесе своето знаење во настапот кој се очекувалше речиси една година. Слоганот на симпозиумот “Знаење кое можете да го искористите” го оправда називот, а гостите во жива интеракција имаа можност да ги слушнат и видат најдобрите примери од праксата, како и вистински примери документирани во неговиот најнов бестселер ,,Small Data’’. Посебен акцент беше ставен на вредноста на нашата култура, со акцент на 5 српски годишни сезони и црниот хумор, кој е особено карактеристичен за ова поднебје.
,,Околу 400 луѓе од регионот не ја пропуштија можноста да го слушнат и лично да се запознаат со еден од најголемите бренд експерти, иако настанот се одржа во сабота, која што обично ја посветуваме за одмор. Тоа е најдобар показател дека нашиот пазар е зрел за презентирање на квалитетни проекти и привлекување на најдобрите стручњаци на светот”, изјави Милјана Никодијевиќ, идеен творец, менаџер на проектот и еден од основачите на Здружението “Бренд стручњаци“.
За овој необичен фан на Харибо бонбоните и WASA крцкавиот леб, страста спрема големите и препознатливи брендови не стивнува. Осврнувајќи се на фактот дека на 12-годишна возраст стана најмладиот вработен во компанијата Лего, објасни дека големите брендови и понатаму се големи, бидејќи тие ги користат оние мали, едвај за око видливи, но психолошки јасни индиции кои им велат дека бизнисите мора да се унапредуваат и да продолжат да живеат. Претставниците на компаниите Alma Quattro, Direct Media, I&F McCann и CARS Couching кои ја препознаа важноста на овој проект, истовремено ги поздравија и сите гости со надеж дека предавањето на Мартин ќе им помогне во понатамошната кариера. По настанот, Линдстром пренесе само позитивни впечатоци, а гостопримството со кое е дочекан во Србија остави посебен впечаток врз него.