Кинеската мултинационална технолошка компанија Lenovo ја заврши ревизијата на својот медиски договор, делејќи го „колачот“ на неколку агенции.
Како официјална глобална медиска агенција, која ќе биде задолжена за пазарите на Европа, Блискиот Исток, Африка, Северна Америка и Јужна Америка, беше назначена агенцијата Assembly, која е дел од групацијата на Stagwell.
За реализација на медиските активности во пазарите на Азиско-Пацифичкиот регион, Lenovo ја избра агенциската мрежа на Dentsu.
За спроведување на медиската активности на компанијата на домашниот кинески пазар, како и во однос на глобалните е-комерцијални активности, беше избрана агенцијата Performics, дел од групацијата на Publicis.
Назначените агенции ќе бидат задолжени за спроведување на медиската стратегија на Lenovo, за медиско планирање и закуп, огласувачки операции, како и за мерење на перформансот на медиските и комуникациски активности на компанијата.
Lenovo претставува еден од најголемите производители на технологија и електроника во светот, со годишен приход од околу 60 милијарди долари.