Home » Во фокусот » LG промовира различност и автентичност во новата реклама

LG промовира различност и автентичност во новата реклама

Компанијата LG Electronics во новата реклама го става фокусот врз реалните и различните луѓе, како дел од промоцијата на својот нов смартфон, LG V30

Во соработка со агенцијата Huge, LG ја претстави новата кампања под називот „This is Real“, а лицата кои се појавуваат во спотот оставаат впечаток на автентични и реални.

Во рекламата ги гледаме и слушаме овие луѓе кои ветуваат дека ќе се прикажуваат себе си во реално светло, без оглед на нивните успеси и падови, и дека тоа ќе го споделуваат со другите на своите мобилни телефони.

Инспирацијата за кампањата дојде од желбата повторно да се дефинира „автентичноста“ за смартфон генерацијата. Бидејќи живееме во „post-truth“ свет во кој луѓето ја користат технологијата за создавање на содржина за социјалните мрежи која е се` само не автентична, LG сака да создаде можност за луѓето да ја користат истата таа технологија како алатка за вистинско самоизразување, без оглед на тоа, што би значело сето тоа за секој поединец.

Автор

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365