Home » Во фокусот » LinkedIn направи листа на најпосакувани работодавачи

LinkedIn направи листа на најпосакувани работодавачи

Технолошкиот сектор и понатаму е апсолутно доминантен кога се во прашање најпосакуваните работодавачи на глобално ниво

LinkedIn врз основа на 500 милиони кориснички профили на најпознатата „бизнис мрежа“ на светот, направи листа на најпосакувани работодавачи. Во анализата се користени три главни параметри за оцена на најпосакуваните работодавачи: интересот за огласите и слободните места на определен работодавач, интересот за брендот кој го претставува компанијата и нивниот однос спрема вработените и на крајот задржувањето на вработените во поединечните компании. Резултатите никој посебно не ги зачуди, бидејќи и понатаму најпосакуваните работодавачи се наоѓаат во ИТ секторот, кој со добри примања, предизвикувачки работни места и можност за напредување, нуди и бројни други „невообичаени“ бенефиции, како што се простор за одмор и забава, можност за доведување  на децата во посебни градинки внатре во компанијата, можноста за доведување на куќните миленици на работното место и уште многу други…

Ова е листата на најпосакувани светски работодавачи:

  1. Alphabet (72 илјади вработени): Матичната компанија која во своето портфолио го има Google е идеален избор за стотина илјади луѓе. Културата на „семејно опкружување“, со секако извонредни работни можности и врвна перспектива, со години оваа компанија (порано, како Гугл) ја држи на водечката позиција на најпосакувани работодавачи.
  2. Amazon (341 илјади вработени): Најпознатата и една од најпопуларни интернет продавници, од година во година се` повеќе расте, а во наредната година и пол во САД планираат да отворат 100 илјади нови работни места, па не е ни малку чудно што завзеде вака висока позиција.
  3. Facebook (17 илјади вработени): Најпопуларната социјална мрежа на светот незапирливо оди кон две милијарди корисници, па многу и понатаму сакаат да бидат дел од приказната “која ќе го промени светот за генарациите кои доаѓаат”, како што тоа го опиша творецот на Фејсбук, Марк Цукерберг. Фејсбук секогаш е во потрага по програмери, софтверски инженери…
  4. Salesforce (25 илјади вработени): Компанија, која помеѓу останатото, многу деликатно пристапува кон проблемот на нееднаквоста, односно ако сакате, еднаквоста при вработувањата и кај актуелните вработени. Полот, расата и слично нив не им се битни, напротив, сакаат што повеќе различност, а тоа очигледно ги привлекува оние кои би сакале да работат за нив.
  5. Uber (12 илјади вработени): Иако во последно време се борат воглавно со негативен публицитет, судејќи по се`, тоа не премногу ја нагриза нивната одлична позиција кога се во прашање најпосакуваните работодавачи. Доколку таму е наводно толку лошо, тогаш е по малку чудно што „сите сакаат да работат за нив“, заклучија аналитичарите …
  6. Tesla (30 илјади вработени): Можеби некој ќе рече дека оваа не е технолошка компанија, бидејќи нагласокот е на производство на автомобили, но во сето тоа повторно темелот е технологијата. Меѓу другото, тргнува кон нови патеки, сака да го промени користењето на покривите и соларната енергија, помеѓу останатото, а тоа многу и тоа како привлекува, затоа е Tesla толку високо.
  7. Apple (110 илјади вработени): Уште малку, па од Купертино се селат во нов, фамозен, „вселенски брод“ и Епл парк, па и понатаму „секој сака да работи за највредната компанија на светот”. На Apple и предвидуваа пад, голем пад, но компанијата и понатаму е на врвот, било да се работи за вредноста или како посакувано место за стотина илјади луѓе…
  8. Time Warner (25 илјади вработени): Ова е секако, компанија која своето царство, капитал и вработени, ги изгради на забава, но неодамна е купена од страна на AT&T компанијата, па повторно се` некако се сведува на технолошкиот сектор. Кај нив златно правило е „ослободете ги талентите да можат да го работат најдоброто што го знаат“.
  9. Walt Disney (195 илјади вработени): Индустријата на забавата, но и технолошки напредните решенија во филмската индустрија е назамислива без овај бренд, кој речиси буквално ја отсликува нивната парола како „најсреќно место на светот“, бидејќи помеѓу останатото на своите вработени им овозможува бесплатно користење на нивните технолошки паркови ширум светот…
  10.  Comcast NBCUniversal (160 илјади вработени): Интересно е што во САД се обврзаа дека до крајот на оваа година ќе вработат дури 10 илјади луѓе кои доаѓаат од редовите на американската војска, а кои од било која причина ја завршиле кариерата во униформа. Очигледно тоа го поттикна и онака големиот интерес за работа во нивните простории …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365