Home » Во фокусот » Лино Червар во малку поинаква навивачка кампања во пресрет на Европското ракометно првенство

Лино Червар во малку поинаква навивачка кампања во пресрет на Европското ракометно првенство

Не мора да си роден златен за да станеш златен

По повод Европското ракометно првенство кое ќе се одржи во јануари оваа година во Хрватска, Tele2 како национален партнер одлучи да сними мотивациско видео за поддршка на хрватските играчи.

Во соработка со агенцијата Imago Ogilvy настана кампањата на Tele2 во која главната улога ја има легендарниот Лино Червар, кој со својот специфичен стил им порачува на младите играчи дека “талентите се раѓаат, а бестрашните победуваат“, како и дека не е важно ако сеуште не се легенди како Ивано Балиќ или Мирза Џомба, затоа што “не мора да си роден златен за да станеш златен“.

Она што го разликува овај спот од сличните навивачки спотови е суптилноста и искреноста во пристапот, за разлика од агресивното викање на навивачите кое се појавува често кога станува збор за оваа тематика.

Спотот е снимен во соработка со продукциската куќа Riba ribi grize rep во автентичен простор на Арена Загреб и во спотот се користени автентични снимки од тренизи на хрватските ракометари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365