Home » Во фокусот » Љубовта кон децата, главна инспирација на Јасмина за создавање на Центарот за Ран Детски развој – “Бонбончиња“

Љубовта кон децата, главна инспирација на Јасмина за создавање на Центарот за Ран Детски развој – “Бонбончиња“

Јасмина Антиќ Атанасовски е личност која ужива во мајчинството и е среќна мајка на две деца. Таа од секогаш обожавала и знаела како да ги забавува децата, а паралелно на тоа и да ги подучува. Веруваме, тоа била и инспирација за создавање на Центарот за ран детски развој – “Бонбончиња“ – во Битола.

14483762_1262941320404367_1263556223_n

Јасмина Антиќ Атанасовски

Постојано е иновативна и развива нови програми за едукација на децата. Едоставно е да се каже и види дека таа ужива во својата работа.

Најпрво мора да се спомене дека Јасмина е и сопственик на Крле – Врле, позната продавница за детски играчки и бебешка опрема во Битола. А потоа и основач на Центарот за ран детски развој – Бонбончиња.

1. Јасмина, можете ли да споделите со нас, од кога постои центарот, со што се занимавате, и колку вработени брои?

– Центарот за ран детски развој Бонбончиња е приватна установа за деца која постои од почетокот на 2016та година. Основната дејност на установата е дневно згрижување на деца од предучилишна возраст, а во моментот брои 5 вработени.

ПУ ЦРДР Бонбончиња е прв центар за ран детски развој кој е основан од комплетно приватен капитал во Битола и регионот.
Нашето мото кое не води во нашата работа е „Правиме мали нешта за големи промени“ и сме свесни дека за да постигнеме успех во работата со секое дете потребни се мали чекори, постојана работа, надградување на знаењето, многу трпение и љубов, а со цел од нашиот центар да излезат деца кои се свесни за себе и своите квалитети, самостојни, креативни и полни со емпатија, разбирање и почит за останатите луѓе.

2. Која е приказната која стои зад “Бонбончиња“, дали некогаш мислевте дека ќе се занимавате со оваа работа?

– Зад “Бонбончиња“ стои еден сон сонуван скоро цела декада. Никогаш човек не треба да се откажува од своите сонови и планови, колку тие да изгледаат недостижни и нереални во моментот. Доаѓа момент во животот кога ни се пружаат прилики кои треба да ги препознаемеме и  не смееме да ги пропуштиме.
Започнавме со малку финансии, но со огромен ентузијазам и желба за работа. Периодот на екипирање на тимот беше од исклучително значење бидејќи за оваа работа потребен е квалитетен кадар кој ќе го даде максимумот од себе за остварување на нашите цели.
По неполна цела година, денес може да кажеме дека нашиот бренд веќе е препознатлив меѓу младите родители од Битола како место кое нуди нега и грижа, љубов и знаење за нивното дете.
По само неколку месеци од нашето постоење се наметна потребата од зголемување на згрижувачките капацитети на центарот што и успеавме да го оствариме преселувајќи ја дејноста во поголем простор, уште поблиску до нашите клиенти, во строгото централно подрачје на Битола.

3.Кои медиуми ги користите најактивно за да ја споделите вашата приказна за Бонбончиња и активностите врзани за овој центар за ран детски развој?

Нашата приказна и секојдневна работа со постоечките и потенцијални клиенти ја споделуваме преку ФБ социјалната мрежа и веб страната на центарот. Свесни дека во времето во кое живееме секој човек голем дел од своето време поминува на овие медиуми, се трудиме максимално да го искористиме овој простор за презентација се она што го правиме.

14469678_977850812337993_8001256688905439480_n

4. Кој е клучот зад успешното работење на “Бонбончиња“?

– Работа и постојано учење, следење на трендовите во предучилишната педагогија и детската психологија и нивна примена во секојдневното работење би било накратко.

Никогаш не би можеле да кажеме дека знаеме се и дека сме екперти во одредена област и сме стигнале до точка од каде што нема понатаму. Секогаш има нешто ново кое треба да се совлада и научи или пак едноставно ние да креираме некаква иновација. Друга клучна стратегија е препознавањето на потребите на пазарот, како и флексибилноста во прилагодувањето кон неговите текови и промени. Живееме во време кога нештата се менуваат многу брзо, па така и потребите на родителите и децата се менуваат, а ние се трудиме да понудиме решение за овие потреби.

5. Што е она што ве издвојува од останатите конкуренти?

– Пред се би рекле искреноста. Оваа работа е многу одговорна, сепак се грижиме за најмилото на секој родител кој имал доверба да го остави своето дете во нашата установа. Се трудиме секогаш искрено да настапиме со секој родител кажувајќи ги реално работите поврзани со неговото дете. Непосредноста е исто така карактеристика на Бонбончиња, сакаме да имаме близок контакт и соработка со родителите и семејството на секое дете со цел сите заедно да допринесеме во напредокот и осамостојувањето на децата.

14494602_980997735356634_8359609278129191318_n 14516528_980998865356521_1453618477128856515_n

6.Кој е вашиот најголем предизвик или план за блиската иднина?

– Секој приватен бизнис е логично да цели кон проширување на бизнисот и задоволување на потребите на што поголем број на клиенти, а е онолку успешен колку што може да реши одредени проблеми, односно побарувања на пазарот.  Ова е и наша определба, односно изнаоѓањето на нови решенија за проблемите со кои се соочуваат родителите на мали деца сметаме дека ќе ни донесе и поголема побарувачка на нашите услуги. Нашиот тим постојано вложува напори за изнаоѓање на инвентивни и интересни решенија, постојано учествуваме во некакви проекти и даваме свој придонес во зголемувањето на квалитетот на работа на приватните установи од овој регион.

Повеќе информации добијте на:

facebook страницата> https://www.facebook.com/crdrbonboncinja/?fref=ts

web страницата: http://bonboncinja.mk/

Интервјуто го направи: Магдалена Шамбевска

Автор Магдалена Шамбевска

Мaгдaленa е диплoмирaн менaџер – инженер нa инфoрмaциски системи нa факултетoт ФАМИС вo Битoлa. Скоро 4 гoдини рaбoти кaкo мaркетинг менaџер вo МА Nova Solutions вo Битoлa. Нејзини нaјгoлеми интереси се дигитaлниoт мaркетинг, герилa мaркетинг, кaкo и рaзвивaње мaркетинг стрaтегии и aктивнoсти зa рaзлични кoмпaнии низ Мaкедoнијa и стрaнствo, сo цел згoлемувaње нa нивнaтa прoдaжбa и јaкнење нa бренд.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365