Забраната за рекламирање брза храна ќе биде наметната низ целата јавна транспортна мрежа во Лондон на почетокот од следната година и покрај острото противење на рекламната индустрија.
Лондонскиот градоначалник Садик Кан објави дека од 25 февруари следната година ќе бидат забранети сите реклами за брза храна и производи кои содржат високо ниво на масти, сол и/или шеќер, кои се сметаат за “помалку здрави”, според насоките на Министерството за јавно здравство на Англија.
Според новите строги ограничувања, кои уследија по јавната дебата за која градоначалникот тврди дека покажала широка поддршка за ваквиот потег, ќе се забранат рекламите за производи како чисбургери и чоколада.
FMCG брендовите и ланците за брза храна синџири се уште ќе бидат во можност да ги рекламираат своите поздрави производи, како што се несолени кикирики, суво грозје и пијалоци без шекер, но тие нема да можат да го промовираат својот бренд со генералното лого на компанијата.
На оваа одлука се противат професионалните тела во рекламната индустрија во Велика Британија, што ја доведува во прашање ефикасноста на новата политика и укажуваат дека овој потег ќе им наштети на приходите на транспортните компании.