Home » Extra 5 » Лотарија во летните бои на Tuborg

Лотарија во летните бои на Tuborg

(РЕГИОН) – Како жешките летни денови би станале поподносливи за потрошувачите на албанскиот пазар, Tuborg покрај освежување, одлучи да понуди и интересна  активација во вид на лотарија, чијшто креативен концепт и медиска стратегија ги осмисли и реализира агенцијата McCann Tirana.

Потпирајќи се на успешната минатогодишна кампања „Tuborg colors of fun“ и промоција на новите кампања во боите кои ја слават забавната страна на животот, креативниот тим на McCann Тирана осмисли локална кампања под слоганот „Обои го летото со боите на Tuborg“. Потрошувачите собираа и испраќаа кодови од капачињата и на тој начин учествуваа во лотарија со интересни и вредни награди. Посебен предизвик за креативците била реализацијата на кампањата во моментот на одржување на Европското првенство во фудбал на кое учествувала и албанската репрезентација.

Tuborg lutrija - POS

Почетокот на кампањата беше планиран за медиски најдинамичниот период кој го обележа EURO 2016, при што спонзор на ова натпреварување беше друг голем пивски бренд.  Предизвик беше да се осмисли и реализира кампања и ефектно да се активираат потрошувачите во тие услови. Решението е конципирано како едноставна апликација. Одзивот и реакциите на потрошувачите се одлични, покрај уживањето во своето омилено летно освежување-Tuborg пивото, тие имаа можност да учествуваат и во интересна лотарија и да освојат вредни награди,“ изјави Gazmend Pinjolli, Senior Art Director на агенцијата McCann Tirana.

Tuborg lutrija - aplikacija

Развојот на апликацијата била посебна задача, бидејќи подразбирала балансирање на едноставноста за употреба, поставување и промовирање на механизмите и правилата на лотаријата, високи стандарди за заштита на податоците и автоматско управување и функционирање. Како резултат на тоа, настанал single-page микросајт ориентиран првенствено на мобилни корисници. Микросајтот исто така бил достапен во облик на Фејсбук апликација, давајќи им на корисниците повеќе можности за учествување на лотаријата.

Погледнете го и ТВ спотот:

 

Креативен тим:

Senior Graphic Designer – Irson Aliaj

Art Director – Flonia Vasia Gjollma

Senior Art Director – Gazmend Pinjolli

Account Manager – Albi Beqiraj

Account Director – Alma Avllazagaj

Media Supervisor – Elona Zebi

Digital Account Manager – Elvin Civici

Автор Marketing365

Маркетинг365 (М365) е прв македонски портал кој во фокусот ја има маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија. Формиран е во 2011 година и во своето досегашно постоење има добиено неколку домашни и меѓународни признанија вклучувајќи ги и “Блог на годината“ (прво место, 2011 и 2015 год.), “Највлијателен балкански блог кој доаѓа од Македонија“ (прво место 2012) и “Најдобар бизнис-информативен веб сајт“ (второ место, 2014). Почнувајќи од февруари 2015 година, Маркетинг365 е официјален претставник во Македонија на најпознатиот светски креативен фестивал Cannes Lions. Тимот на М365 го сочинуваат активни професионалци од маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија. e-mail : contact@marketing365.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365