Во современата мода, поимот луксуз значително се менува. Она што некогаш се препознаваше преку истакнати логоа и препознатливи симболи, денес сè повеќе се дефинира преку нешто подискретно, но многу поважно – квалитетот на материјалите, изработката и вниманието посветено на секој детал.
Во таа насока се позиционира и YOVA, бренд кој преку своите колекции ја става рачната изработка и изборот на премиум материјали во самиот центар на својот дизајнерски израз. Наместо да се води од визуелна препознатливост, фокусот е ставен на суштинската вредност на производот – неговата издржливост, функционалност и емоционална поврзаност со оној што го носи.
Новата колекција „Blossom“ за Пролет/Лето 2026 ја продолжува токму оваа филозофија. Инспирирана од моментот на цутење и личната трансформација на жената, колекцијата носи пет рачно изработени модели – Ринг, Фиори, Бисера, Луна и Реса – секој со свој карактер, форма и енергија.
Ташните се изработени со техника на хеклање која YOVA ја трансформира од традиционален занает во современ моден јазик. Во процесот се користат внимателно одбрани премиум и одржливи материјали од европски добавувачи, кои работат и со дел од светските луксузни модни куќи, со што се обезбедува квалитет споредлив со глобалните стандарди.
Колекцијатата „Blossom“ носи и мултифункционален пристап кон дизајнот – секој модел е создаден да се носи на повеќе начини и да се прилагоди на различни стилови и моменти од секојдневието. Ова ја нагласува идејата дека модерната жена не се дефинира преку еден изглед, туку преку различни состојби, движења и изрази на сопствениот стил.
Како дополнителна вредност што го потврдува квалитетот на материјалите, секој производ на YOVA содржи дигитален пасош преку кој клиентот може целосно да го проследи процесот на создавање – од употребените материјали и нивното потекло, до начинот на изработка. Ова претставува доказ за транспарентноста на брендот, внимателниот избор на материјали и посветеноста кон квалитетот.
Она што ја издвојува колекцијата е и соработката со занаетчии со меѓународно искуство, како и интеграцијата на локални културни елементи – меѓу кои и автентичните охридски бисери преку соработка со семејството Талеви. Овие детали не се само декоративни елементи, туку дел од приказна што го поврзува современиот дизајн со традицијата.
Во време кога потрошувачите сè повеќе бараат автентичност, одржливост и значење зад производот, YOVA се позиционира како бренд што не следи трендови, туку создава вредности што траат.
Затоа, во оваа нова модна ера, луксузот не се чита на логото – туку се чувствува во материјалот, во изработката и во приказната што стои зад секое парче.
Чантите од новата колекција „Blossom“ се веќе достапни за нарачка преку официјалната веб-страница на YOVA.














